
PALOMA SENCIA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Белек на 35 km од аеродромот и 45 km од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупно 358 соби, распоредени во главна хотелска зграда и анекс зграда во градина лоцирана позади главната зграда.
Главна зграда:
Standard rooms (30 m²- 40 m², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Standard garden rooms (35 – 40 m², лоцирани во анекс зградата во градина, една спална со француски кревет или два единечни кревети + еден единечен кревет, макс. 2+2 деца).
Duplex family rooms (55 m², дуплекс, две спални соби одвоени со врата, две купатила, без балкон, макс. 4 лица).
Deluxe suites (во главна зграда – 100 m², дневна соба, спална соба, купатило, туш, џакузи со поглед на море, макс. 4 лица).
Junior suite lake side (50 m², лоцирани во анекс зградата, една спална соба со француски кревет + аголна софа, купатило, пристап до базен од тераса, макс. 2+1 лице).
Grand deluxe suite (во главна зграда – 120 m², дневна соба, голема спална соба, купатило, џакузи на тераса, поглед на море).
Сите соби се со сопствени купатила со када, фен, бањарки, влечки, централна клима, телефон, тепих на подот, сеф, мини бар (обична и минерална вода, сокови, пиво се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ТВ со музички канали, Wi-Fi интернет, балкон или тераса.
Услуга
Сѐ вклучено –шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, колачи, сладолед, закуски, детско бифе, ноќно бифе до 01:30 часот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цеден сок од портокал за време на појадокот, ручекот и вечерата.
Не се вклучени: луксузни и специјални виски, вина, коњак, луксузни пијалаци и увозни шампањи, енергетски пијалаци, флаширани пијалаци, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, наргиле, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Daphne (медитеранска кујна), Hedera (интернационална кујна), Safran (турска кујна), Tai Pen (кујна од Далечниот Исток), Sofa (француска кујна), барови низ хотелскиот комплекс кои служат алкохолни и безалкохолни пијалаци.
Продавници, фризер, салон за убавина, доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, телефон, факс се со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатен низ хотелот.
Плажа
Приватна хотелска песочна хотелска плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени, детски базени во мини клубот, детско игралиште, тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, џакузи, џет тушеви, тениски терени, пинг понг, одбојка, кошарка, одбојка на плажа, качување по ѕидови.
Со доплата се осветлување за тениски терени, опрема за тенис, часови по тенис, масажи, SPA центар, куглање, соба за игри, терени за голф, водни спортови се со доплата.
Забавни програми во текот на денот и шоу програми во вечерните часови, гала вечери, забави во градина. Мини-клуб за деца од 4г до 12г, детски ресторан со специјално мени, програми и забава за деца во текот на денот, детско игралиште, диско за деца.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Belek, Kongre Caddesi No : 24, 07500 Serik/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps