Прескокни кон содржината
PALOMA PERISSIA HOTEL
Повлечи за повеќе слики

PALOMA PERISSIA HOTEL

СидеLuxury Ultra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 3 km од Сиде и 65 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 352 соби.
Standard rooms with balcony (24 m², една спална спална соба со два единечни кревета, едно купатило, макс.2 лица).
Standard rooms with French balcony (30 m², една спална соба со два единечни кревета, софа, едно купатло, макс.3 лица).
Large standard rooms (35 m², дупли кревет или два единечни кревета, еден поединечен кревет + софа, едно купатило, макс.2+1 дете).
Suite rooms (60 m², голема спална соба со дупли кревет, една дневна соба, едно купатило со џакузи, макс.4 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон или француски балкон.

Услуга

Luxury Ултра сѐ вклучено - 24 часа услуга на храна и пијалоци - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски наутро и попладне, закуска доцна навечер, свежо цедени сокови за време на појадок, сладолед за време на ручек и вечера, слаткарница, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, À la Carte ресторани Fusion Far East и Contemporary Mediterranean со претходна резервација и без доплата.
Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, Curio BBQ À la Carte ресторан со претходна резервација и се доплаќа, Beach Club ресторан и бар, услуга во соба.

Содржини

Paloma главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Quentine – Contemporary Mediterranean, Wabi Sabi – Fusion Far East ресторан, Curio – BBQ House, барови околу хотелскиот комплекс, диско клуб.
Доктор, перење, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, фризер, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.

Плажа

Хотелска приватна песочна плажа. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава

Надворешни базени и внатрешни базени (само во зима) за возрасни и деца, Paloma Aqua – бесплатен трансфер со најава од претходен ден, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, мини фудбал, гимнастика се бесплатни.
Со доплата: сите спортови на вода, осветлување за тениски терени и опрема за тенис, SPA & Wellness центар.
Забавни програми во текот на денот и шоу програми во вечерните часови за возрасни и деца. Мини клуб за деца од 4 - 12 години, клуб за тинејџери од 12 - 16 години со специјални програми, игротека, мини диско во вечерните часови. Катче со социјални медиуми, соба за игри.

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Side, Kumköy Yolu Bingeşik Mevkii Üzeri, 07330 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps