Прескокни кон содржината
PALOMA ORENDA
Повлечи за повеќе слики

PALOMA ORENDA

СидеLuxury Ultra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Титрејенгул на 6 km од Сиде и 75 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 270 соби.
Standard rooms (21 m², една спална соба со француски кревет или два поединечни кревети + софа, едно купатило, макс.2+1 лице).
Junior suit rooms (37 m², една спална соба со француски кревет, две софи, едно купатило, макс.3+1 лице).
Family suit (40 m², една спална соба, една дневна соба со софа за три особи, едно купатило, макс.4 лица).
Connection Family suit (42 m², две спални соби со француски кревет и два поединечни кревети, две купатила, макс.4+1 лице).
Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со вода, безалкохолни пијалаци и пиво), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, ќерамички под, WI-FI интернет конекција, балкон или тераса.

Услуга

Luxury Ултра сѐ вклучено - 24 часа услуга на храна и пијалаци - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски наутро и попладне, закуска доцна навечер во Бистро, свежо цедени сокови за време на појадок, сладолед за време на ручек и вечера, слаткарница, À la Carte ресторани Fusion Far East и Contemporary Mediterranean со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сите локални и селектирани увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, концепт во баровите покрај базен и на плажа – летни освежителни пијалаци, овојшје и закуски.
Не е вклучено: премиум увозни пијалаци, специјални вина, флаширани пијалаци, Curio BBQ À la Carte ресторан.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Wabi Sabi – Fusion Far East ресторан, Quentine – Contemporary Mediterranean, Curio – BBQ House, барови околу хотелскиот комплекс.
Доктор, перење, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, фризер, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекцијата на јавните површини и во собите е бесплатна.

Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Специјалните павилјони се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава

Отворени базени за возрасни и деца, Paloma Aqua Park – во близина, фитнес центар, турска бања, сауна, 10 тениски терени, одбојка на плажа, гимнастика, мини голф се бесплатни.
Со доплата: сите спортови на вода, осветлување за тениски терени и опрема за тенис, Wellness и центар за убавина.
Забавни програми во текот на денот и шоу програми во вечерните часови за возрасни и деца. Мини клуб за деца од 4 - 12 години со специјални програми, детско игралиште, мини диско во вечерните часови. Клуб за тинејџери од 13 - 16 години, детско игралиште, мини диско во вечерните часови. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. 

Локација

Sorgun, Acısu Mevkii No 22, 07601 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps