
PALOMA OCEANA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Кумкој на 5 km од Сиде и 65 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 482 соби во 2 главни згради и бунгалови.
Bungalow standard rooms (30 m², во градината, една спална соба со француски кревет или два поединечни кревети + софа, едно купатило, макс.2+1 дете).
Family connection rooms (30+30 m², во главна зграда, две спални соби, две купатила, макс. 4+1 лице).
Family suit garden (60 m², во градината, две спални соби, две купатила, макс. 3+2 лица).
Standard rooms (40 m², во главната зграда, една спална соба со француски кревет и софа, едно купатило, макс.3+1 дете).
Lake Villas (90 m², лоцирани во градината покрај базенот, имаат две спални соби, една дневна соба и две купатила, макс. 4+1 дете).
Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со сокови, вода и пиво секој ден), електричен бокал, сет од кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, WI-FI интернет, балкон или тераса.
Услуга
Luxury Ултра сѐ вклучено – 24 часовна услуга со храна и пијалаци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утринска и попладневна закуска, закуска доцна навечер, свежо цедени сокови за време на појадок, сладолед во текот на денот, слаткарница, À la Carte ресторани (турски, медитерански и кујна од Далечен исток) со претходна резервација, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци.
Не е вклучено: луксузни увозни пијалаци, специјални вина, флаширани пијалаци, Steak House À la Carte ресторан е со претходна резервација и со доплата, услуга во соба, наргиле.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Quentine – медитеранска кујна, Avara – турска кујна, Wabi Sabı – источна кујна, Steak House ресторан. Бaрови околу
хотелскиот комплекс, Диско клуб.
Се доплаќаат: доктор, перење, чување деца, телефон, факс, продавници, фризер, изнајмување кола. WI-FI интернет во целиот хотел е бесплатен.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа. Приватните павилјони на плажа се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, мини фудбал, гимнастика.
Се доплаќаат: спортови на вода, осветлување за тениски терени и опрема, центар за убавина и Wellness центар. Paloma Aqua – бесплатен трансфер со резервација ден порано.
Забавни програми во текот на денот, и навечер шоу програми за возрасни и деца. Мини клуб за деца помеѓу 4-12 години со специјални програми. Тинејџерски клуб за деца од 13-16 години со специјални програми и соба за игри.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Side, Kumköy Cd., 07330 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps