Прескокни кон содржината
PALEMON RESORT & SPA
Повлечи за повеќе слики

PALEMON RESORT & SPA

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Кизилот, 87 km од аеродромот во Анталија и 23 km од Саде и Манавгат.

Сместување

Вкупно 487 соби.
Standard room Land View (33 m², една спална со француски кревет + софа, едно купатило, макс.2+1 дете).
Standard room Sea View (33 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет + софа, едно купатило, макс.3 + 1 дете).
Jacuzzi room (49 m², еднa поголема спална соба со француски кревет, едно купатило, тераса со џакузи, макс.3+1 бебе).
Family room (43 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4+1 бебе).
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, влечки, сплит клима, телефон, мини бар (има безалкохолни пијалаци, обична и минерална вода по пристигнувањето, подоцна само вода се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, WI-FI интернет конекција, сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Услуга

Ултра Сѐ Вклучено – 24 часовна услуга за храна и пијалаци – отворена шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни колачи, чај, кафе, вечера и полноќно бифе, сладолед во одредени часови, бар со закуски на плажа од 10:00 – 17:00 часот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци. Италијански, турски À la carte ресторани се со претходна резервација и еднаш за време на престојот.
Не е вклучено: премиум увозни пијалаци, специјални локални и увозни вина, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалаци, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан Acacia со отворена шведска маса, À la carte ресторани со турска, италијанска кујна со претходна резервација, лоби бар, снек бар, бар покрај базен и на плажа, диско клуб.
Доктор, перална, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се со доплата. WI-FI интернет конекција до 50Mb во областа на лобито е бесплатна.

Плажа

Хотелска приватна плажа, со песок и камчиња, преку пат поврзанa со тунел. Лежалки, чадори и крпи за плажа се бесплатни. Павилјоните на плажа се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, турска бања, сауна, парна бања, фитнес центар, пинг-понг, кошарка, одбојка на плажа се бесплатни.
Масажа, спортови на вода, билијард, соба за игри, велнес и центар за убавина се со доплата.
Забавни програми во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца од 4-12 години, игралиште за деца, мини диско навечер. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Holiday Palemon Resort & SPa, Çenger, MÜCAVİR SOKAK NO:861-1, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps