Прескокни кон содржината
OZ HOTELS SIDE PREMIUM
Повлечи за повеќе слики

OZ HOTELS SIDE PREMIUM

СидеAll Inclusive Plus Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба  

Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki, 11км оддалечен од Манавгат и 45 км од аеродромот во Анталија.  

Сместување

Вкупен број на соби 496. Стандардни соби (35m², макс. 2+1 лице), фамилијарни соби (48m², две спални соби, едно купатило, макс. 4 лица), економски соби 19 (25m², без балкон, со поглед кон коридор, макс. 2+1 лице), Конекциски соби (70m², две спални соби, две купатила, макс. 4 лица), и 5 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када, туш, фен, централна клима која работи според временски услови, мини бар (се дополнува секој ден со вода, пиво и безалкохолни пијалоци), сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон.  

Услуга

Ултра Се Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина, пекара, полноќна шведска маса, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 - 24.00 часот, A’la Carte ресторани со претходна резервација во еден од рестораните, сладолед во одредени часови, свежо цедени сокови само за појадок, пијалоци во Диско. НЕ Е ВКЛУЧЕНО: премиум увозни пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, собна послуга, свежо цеени сокови (освен за појадок).  

Содржини  

Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Coodol – Италијанска кујна, Latapet – Турска кујна, Tulsushi – кујна од Далечниот Исток, бар на плажа, барови околу хотелскиот комплекс, Диско клуб. Доктор, услуги за перење и пеглање, бебиситер, телефон, факс, интернет, продавници, фризер, рент а кар. WI-FI интернет конекција во соба и на јавни места е бесплатна.  

Плажа  

Хотелска плажа на 150 метри од хотелот, песочна, со лежалки, чадори и пешкири кои се бесплатни.  

Спорт и забава  

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, тениски терени, одбојка на плажа. СО ДОПЛАТА: спортови на вода, осветлување за тениски терени, , билјард, компјутерски игри, масажа, SPA & Wellness центар. Забавни програми во текот на денот, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца.  

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

<iframe src="https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d3778.888137532674!2d31.338647441320838!3d36.81058744272734!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x14c35ec6a8458b2f%3A0xbaab09d794fae8b7!2sOz%20Side%20Premium!5e1!3m2!1sen!2smk!4v1783499796224!5m2!1sen!2smk" width="600" height="450" style="border:0;" allowfullscreen="" loading="lazy" referrerpolicy="strict-origin-when-cross-origin"></iframe>

Отвори во Google Maps