Прескокни кон содржината
OZ HOTELS INCEKUM BEACH RESORT
Повлечи за повеќе слики

OZ HOTELS INCEKUM BEACH RESORT

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Инчекум, 28 km до Аланија и 98 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 357 соби во 12 трикатни блокови.
Standard rooms (28 m², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет + еден дополнителен кревет, едно купатило, макс.2+2 лица).
Еconomy room (исти се како стандардните, но без балкон).
Family economy ground floor (36 m², две спални соби поделени со лизгачка врата, едно купатило, макс.2+2 деца, на приземје).  
Connection rooms two bedrooms (56 m², две спални соби со поврзувачка врата, едно купатило, макс.4+2 деца).
Сите соби се со сопствено купатило со туш и фен за коса, сплит систем за климатизација, телефон, сеф, мини бар (само обична вода), ламинат или плочки, интернет WI-FI конекција, сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Услуга

Сѐ Вклучено - шведска маса за појадок, ручек, попладневен чај, кафе, колачи, вечера, ноќна закуска и ран појадок. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци се бесплатни од 10:00 - 02:00 часот, À la carte ресторани со претходна резервација и само еднаш при престој, снек бар на плажа од 10:00 - 18:00 часот.
Не се вклучени: сите увозни пијалаци, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, турско кафе, пијалаци во Диско клуб, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторан - турски и рибен, снек бар, бар на базен и на плажа.
Доктор, перална, телефон, факс, продавници, фризер, изнајмување коли се  со доплата. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна во собите и јавните површини.

Плажа

Приватната плажа на хотелот со песок и карпи. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, кошарка, одбојка на плажа, пинг-понг.
Со доплата се: спортови на вода, осветлување за тениски терени, масажа, Велнес и СПА центар, школа за нуркање, билијард и компјутерски игри.
Забавни програми во текот на денот, натпревари, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4-12 години, игралиште, различни програми во текот на денот, мини диско навечер. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

İncekum, İncekum Mevkii, Yeni Cami Karşısı, 07470 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps