Прескокни кон содржината
ONKEL HOTELS BELDIBI RESORT
Повлечи за повеќе слики

ONKEL HOTELS BELDIBI RESORT

КемерAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Beldibi , 45 km од аеродромот во Анталија,  13 km од Кемер.

Сместување

Вкупно 137  соби во една зграда:
Standard rooms (21 m², една спална, едно купатило, макс.2+2 лица).
Family rooms (42 m², една голема соба, едно купатило, макс. 4 лица).
Сите соби имаат сопствено купатило со туш кабина, фен, клима уред, керамички под, телефон, мини бар (вода се дополнува секој ден), сеф, сателитска ТВ со музички канали.

Услуга

Сѐ Вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, чај, кафе, вечера, полноќни  закуски до 24:00 часот, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 – 23:00 часот, сладолед во определени часови во текот на денот, бар покрај базен до 23:00 часот, слаткарница.
Не се  вклучени: увозни пијалаци, специјални вина, флаширани пијалаци, свежо цедени  сокови, À la carte ресторан со претходна резервација и доплата, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, бар покрај базен и рибен À la carte рибен ресторан.
Доктор, чување деца, перење алишта, изнајмување кола, фризер, продавници, телефон, факс и интернет, компјутерски игри се со доплата. WI-FI интернет е со доплата.

Плажа

Хотелска приватна плажа со камчиња, со приватна платформа. Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни. Павилјоните за на плажа се со доплата и претходна резервација.

Спорт и забава

Внатрешен и надворешен базен за возрасни и деца, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг се бесплатни.
Спортови на вода, масажа, Спа центар, билијард се со доплата.
Забавни програми и натпревари во текот на денот  и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4-12 години со детско игралиште и мини диско во вечерните часови. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. 

Локација

Beldibi mah. Başkomutan Atatürk Cad. No:171, Beldibi, Atatürk Bulvarı No: 171, 07070 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps