Прескокни кон содржината
NOX INN CLUB HOTEL
Повлечи за повеќе слики

NOX INN CLUB HOTEL

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Конакли на 12 km од Аланија и 120 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 223 во главна зграда и Вилите кои се во градина.
Standard rooms (24-30 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет или софа, една бања,макс.2+1дете),
Family rooms  (40-45 m², една спална соба со француски кревет + два единечни кревети, неколку соби се одвоени со врата, макс. 2+1 лице).
Swim up rooms (25 m², сместени во градина една спална соба или два единечни, едно купатило, директен пристап до базен, макс.2 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (обична, минерална вода и безалкохолни пијалаци при доаѓање, потоа секојдневно се дополнува само со вода), електричен бокал, сеф, ламинатен под, сателитска телевизија и музички канали, балкон.

Услуга

Ултра Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневни закуски, кафе, полноќни и рано утрински закуски, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, коктели вклучени во менито од 10.00-02.00 часот, сладолед во определени часови, À la Carte ресторани со резервација однапред и еднаш за време на престојот, бар на плажа со безалкохолни пијалаци од 10.00-18.00 часот.
Не е вклучено: премиум и увозни пијалаци, специјални вина, сите флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, турско кафе

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан, снек бар, бар на базен, лоби бар.
Доктор, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување кола се со доплата. WI-FI нтернет е бесплатен.

Плажа

Хотелска плажа на 800 m од хотелот со камчиња и карпи. Бесплатни лежалки и чадори за сонце. Крпи за на плажа со депозит. Има бесплатен превоз до плажата.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, фитнес центар, турска бања, пинг-понг, одбојка на плажа.
Со доплата се спортови на вода, сауна, парна бања, масажа, Спа и центар за убавина, билијард, компјутерски игри.
Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базенот, во вечерните часови специјални забавни програми. Мини клуб за деца од 04-12 години, детско игралиште, дневни активности и диско клуб во вечерните часови. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. 

Локација

Konaklı, Kulak cad No:31, 07491 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps