Прескокни кон содржината
MIRAGE PARK RESORT
Повлечи за повеќе слики

MIRAGE PARK RESORT

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Гојнук на 7 km од центарот на градот Кемер и 45 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 628 соби во главна и парк зграда.

Главна зграда: Standard rooms (26 m²; една спална соба со француски кревет + еден дополнителен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лица).

Comfort standard room (26 m², стандардна соба, но само на 5-ти кат).

Junior suit (56 m², еден голема спална соба со француски кревет + два единечни кревети, едно купатило, макс. 4 лица).

Family connection rooms (52 m², две одвоени спални соби, две купатила, макс. 4 лица). Suit room (62 m², две спални соби, простор за седење, едно купатило, макс.4 лица).

Парк зграда:

Standard rooms (26 m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лица).

Corner room (36 m², една спална соба со француски кревет + два единечни кревети, едно купатило, макс. 4 лица).

Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, централен систем за климатизација кој работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (вода, сокови и пиво се полни секој ден), сателитска ТВ и музички канали, WI -FI интернет со ниска брзина, балкон или тераса.

Услуга

Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски доцна навечер, ран појадок, закуски во текот на денот во снек бар на плажа и покрај базените, слаткарница, сладолед, специјален дел за деца во главниот ресторан и во мини клубот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци. Има безглутенска кујна и ресторан во кој се служат специјални оброци за појадок, ручек и вечера, оваа кујна е целосно одделена од другата кујна. Информациите (за посебен режим на исхрана или можни алергии) треба да се обезбедат за време на чекирањето во хотелот.

Не се вклучени: премиум пијалаци, специјални вина и други специјални пијалаци, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, À la Carte рестораните се со претходна резервација и со доплата, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан – Olympus за главни оброци, снек бар покрај базен, À la Carte ресторани - BBQ ресторан, Anatolia - турска кујна, Phaselis - риба и морскa храна, Gusto - италијанска кујна, Far East - кујна од Далечниот Исток, француски ресторан, лоби бар, бар на плажа, диско клуб.

Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекцијата (со ниска брзина) е бесплатна во целиот хотел.

Плажа

Хотелска приватна плажа со камчиња и песок, со бесплатни крпи за плажа, лежалки и чадори за сонце. Кабаните се со претходна резервација и доплата.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени со детски базени, тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, парна соба, тениски терени, мини фудбал, кошарка, одбојка на плажа, пинг понг, мини голф се бесплатни.

Спортови на вода, куглање, билијард и играчница, осветлување на тениски терени, опрема, часови по тенис, СПА и велнес, масажа се доплаќаат.

Забавни програми во текот на денот и вечерни шоу програми, мини клуб Andy & Angel за деца од 4 -12 години поделени по групи според возраста, детско кино, игри покрај базен, игралиште.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 -Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси. 

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Göynük, Ahu Ünal Aysal Caddesi No:29, 07994 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps