Прескокни кон содржината
MICHELL HOTEL AND SPA
Повлечи за повеќе слики

MICHELL HOTEL AND SPA

АланијаUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Кестел. Оддалечен е 7 км од центарот на Аланија и 135 км од аеродромот во Анталија.

Сместување

Хотелот располага со 200 соби. Сите соби имаат купатило со туш кабина, фен, сплит клима, директна телефонска линија, мини бар (вода и сокови се надополнуваат секој ден), сеф, плочки, сателитска ТВ со музички канали, балкон.

Стандардни соби 22м2, спална соба со брачен кревет или 2 единечни кревети + софа, бања, макс 3 лица.

Услуга

Услугата во хотелот е ultra all Inclusive  24 часовна услуга за храна и пијалоци, базирани на отворено шведска маса - самопослужување, избор од неколку јадења (шведска маса) за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневна ужина, кафе, доцна вечера и мини-шведска маса, ран појадок, домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци,сладолед во одредено време, ресторан A'la Carte со претходна резервација и еднаш за време на престојот.

Со доплата: сите увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени овошни сокови, флаширани пијалоци, услуга во соба, наргиле.

Содржина

Главен ресторан на отворено шведска маса, ресторан A'la Carte, снек бар на плажа, бар покрај базен и лоби бар.

Со доплата: лекарска услуга, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, фризер, рент а кар, трговски центар.

Плажа

Хотелот има приватната плажа на околу 500 метри со песок и шљунак и делумно камена. Лежалките и чадорите не се наплаќаат. На гостите им е достапен бесплатен шатл-автобус до плажата. Пешкири за базен и плажа - со депозит. Павилјоните се со доплата.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски терени, сквош, пинг-понг, одбојка на плажа, мини кошарка, лесна забавна програма.

Со доплата: спортови на вода, масажа, Спа и велнес центар, билијард, осветлување за тениски терени и опрема.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Kestel, Kestel Bld., 07490 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps