
MIAROSA KEMER BEACH
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот се наоѓа во регионот Кириш, на 7 км од Кемер и 56 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 361распоредени во три блока. Стандардни соби (31м2, една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице), Голема соба со сепаратор (37м2, една голема спална соба со еден брачен кревет, сепаратор помеѓу, еден брачен кревет и една софа кревет, макс.2+2 лица. Семејни соби (60м2, поврзувачка соба со две спални соби и едно купатило, макс 5 лица), Svim up соби (31м2, една спална соба, една бања, директен пристап до заеднички базен, макс. 2 лица). Сите соби имаат сопствено купатило со туш кабина, влечки, фен за коса, сплит клима, директна телефонска линија, мини бар (вода се полни секој ден), сеф, сателитска ТВ и балкон.
Услуга
Ultra all inclusive - пијалок за добредојде при пристигнување, појадок, доцен појадок, ужина, ручек, чај и колачи, вечера, ужина до доцна до полноќ, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, детско бифе, сладолед во одредени часови, снек бар на плажа од 10:00 до 6:00 ч.
Со доплата: увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, свежи овошни сокови, шампањ, услуга во соба.
Содржина
Главен ресторан со отворено шведска маса, A'la Carte ресторани, барови околу хотелскиот комплекс.
Со доплата: лекарски услуги, грижа за деца, перална, интернет услуга, фризерски салон, изнајмување на автомобили. WI-FI интернет конекцијата во лобито е бесплатна.
Плажа
Приватната плажа на хотелот - камчиња, лежалки, чадори, крпи за плажа се бесплатни. Има тунел под патот до плажата.
Спорт и Забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, аква парк, тениски терени, одбојка на плажа, мал фудбал, кошарка, пинг-понг, фитнес центар, турска бања, сауна се бесплатни.
Со доплата: СПА центар, масажа, салон за убавина, спортови на вода, билијард, рефлектори за тениски терени, часови по тенис. Забавни програми во текот на денот и шоу програма во вечерните часови. Мини клуб за деца со програми во текот на денот и навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kiriş, Sahil Cd. No:48, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps