Прескокни кон содржината
MIAROSA INCEKUM BEACH
Повлечи за повеќе слики

MIAROSA INCEKUM BEACH

АланијаUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот Miarosa Incekum Beach 5* се наоѓа во регионот Инчекум. Одалечен е 25 км од Аланија и 100 км од аеродромот во Анталија.

Сместување

Хотелот Miarosa Incekum Beach 5*  вкупно има 234 сместувачки единици распоредени во две згради.

Standard Room with Sea View

Стандардните соби имаат брачен кревет или 2 единечни кревети. Можат да сместат 3 возрасни и 1 дете или 2 возрасни и 2 деца. Собите се приближно 30 м². Подот е со ламинат, соби имаат балкон.

Standard Room with Land View

Стандардните соби имаат брачен кревет или 2 единечни кревети. Можат да сместат 3 возрасни и 1 дете или 2 возрасни и 2 деца. Собите се приближно 30 м². Подот е со ламинат, собите имаат балкон.

Family Room with Land View

Семејните соби се составени од две соби, оделени со врата и имаат поголема бања. Можат да се сместат 2 возрасни  до 4 возрасни лица. Собите се со големина од 35 м². Сите имаат балкон или тераса.

Family Room with Sea View

Семејните соби, се составени од две соби, оделени со врата и имаат поголема бања. Можат да се сместат 2 возрасни до 4 возрасни лица. Собите се со големина од 35 м². Сите имаат балкон или тераса.

One Room Family Room

Во својот состав има голема спална соба со 1 брачен кревет и 1 кревет на спрат. Можат да се сместат 3 возрасни  и 1дете.

Сите соби имаат бања со туш, фен, влечки, централна клима која работи според временските услови, директна телефонска линија, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување, подоцна само вода се надополнува дневно), сет за чај и кафе, сеф, сателитска ТВ и музички канали, ламинат, балкон.

Услуга

Ultra All inclusive на база на отворено шведска маса - самопослужување, избор од неколку јадења (шведска маса) за појадок, доцна појадок, ручек, вечера, ужина помеѓу оброците, закуски до доцна навечер, сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 до 12:00 часот безалкохолни до 13:00 часот пијалоци и пиво), сладолед во одредени периоди.

Со доплата: увозни пијалоци, сите видови на флаширани пијалоци, премиум пијалоци и специјални вина, свежо цедени овошни сокови, наргиле, услуга во соба. Wi-Fi низ целиот хотел е бесплатен.

Содржина

Главен ресторан на отворено бифе, барови во хотелскиот комплекс, диско клуб.

Сo доплата:  лекарски услуги, услуги за чување деца, услуги за перење и хемиско чистење, телефон, факс, компјутерски игри, изнајмување автомобили, фризер, шопинг зона.

Плажа

Песочната плажа на хотелот се наоѓа преку улица (има и тунел од хотелот до плажата). Лежалки, чадори и пешкири за плажа се бесплатни. ВИП павилјони - со претходна резервација и доплата.

Спорт и Забава

Надворешни базени за деца и возрасни, 2 тобогани, фитнес, турска бања, сауна, парна соба, тениски игралишта, одбојка на плажа, кошарка, мини фудбал, пинг-понг, забавни програми во текот на денот, натпревари со професионален тим, вечерни шоу програми, мини клуб - Toucan Academy детски клуб за деца од 4 до 12 години поделен во групи според возраст,  различни програми во текот на денот, мини диско навечер.

Со доплата: спортови на вода, масажа, училиште за нуркање, осветлување и опрема за тениски терени.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

İncekum, Dr. Ülkü Güney Bulvarı No.52, 07040 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps