
MEGASARAY RESORT SIDE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Титрејенгол, на само 250 m од морското крајбрежје, 71 km од аеродромот во Анталија и на само 7 km од стариот град Сиде.
Сместување
Вкупно 347 соби.
Standard Room (22 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 дете).
Comfort Standard Room (22 m², една спална соба со француски кревет + кревет на кат, едно купатило, макс. 2+2 деца).
Junior Family Room (37 m², две спални соби, во едната со француски кревет, во другата два единечни кревети, едно купатило, макс. 4 лица).
Terrace Family Room (45 m², две спални соби, едно купатило, со голема тераса, макс. 4 лица).
King Suite (80 m², една спална соба со француски кревет + дневна соба, едно купатило, голема тераса, макс. 2+1 лица).
Сите соби имаат сопствено купатило со туш кабина, фен, влечки, централен клима уред кој работи во согласност со временските услови, телефон, сеф, мини бар (вода, сокови, пиво, крекери и чоколадо – се надополнуваат секој ден), електричен бокал, сетови за чај и кафе, Wi-Fi интернет конекција, паркет на подот, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневни закуски, полноќно мени до 02:00 часот, локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, закуски на плажа од 10:00-19:00 часот.
Со доплата: сите увозни пијалаци кои не се на листа, специјални вина, коктели, луксузни пијалаци, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци, À la Carte ресторан со претходна резервација, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани – рибен ресторан, Steak House, италијанска кујна, барови низ хотелскиот комплекс.
Со доплата: медицински услуги, чување деца, перална, хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола. Wi-Fi интернет конекција низ целиот хотел е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок на 250 m од хотелот, со бесплатни крпи за плажа, чадори за сонце и лежалки.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, тениски терени, турска бања, сауна, соба со пареа, одбојка на плажа, пинг-понг, кошарка.
Со доплата: џакузи, масажи, СПА центар, осветлување за тениските терени и водени спортови.
Забавни програми во текот на денот и вечерни
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Side, Titreyengöl Cd. No:18, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps