Прескокни кон содржината
MAGIC LIFE JACARANDA HOTEL
Повлечи за повеќе слики

MAGIC LIFE JACARANDA HOTEL

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Гундогду на 10 km од Сиде и 65 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 767 соби лоцирани во една главна зграда и Lake вили.
Стандардни соби (32-36 m², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице).
Фамилијарни соби (52 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Стандардни Lake House соби (32-36 m², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, на прв или втор кат, немаат директен пристап на базен, макс.2+2 лица).
Фамилијарни Lake House соби (52 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, директен пристап на базен, макс.4 лица).
Економски стандард соби и економски фамилијарни соби се исти како и останатите само се лоцирани на приземје.
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, клима уред, телефон, мини бар (вода и сокови при пристигнување), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска LCD ТВ и музички канали, ламинат или паркет на под, балкон (сите соби се околу 600 m од плажа).

Услуга

Ултра Сѐ вкучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски преку цел ден и доцна навечер до 04:00 часот наутро, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед во одредени часови од денот, À la Carte ресторани (Turkish, Trattoria, Downtown) со претходна резервација и еднаш за време на престојот, бар на плажа од 10:00 – 16:00 часот, слаткарница.
Не е вклучено: увозни пијалаци, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци, специјални вина, сите флаширани пијалаци, À la Carte ресторани - рибен ресторан, јапонски, Steak House Jacaranda lounge (+18) се со доплата, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Fish (рибен), Sofra (турски), Al Baccio (италијански), International ресторан, Japanese (јапонски), Steak House ресторан,
барови околу хотелскиот комплекс, диско.
Се доплаќаат: Доктор, перење, фризер, телефон, факс, продавници, изнајмување кола.
WI-FI интернет конекцијата во лоби, на плажа и во собите е бесплатна.

Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и камчиња.
Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.

Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, турска бања, сауна, фитнес центар, тениски терени, пинг понг, одбојка на плажа, гимнастика се бесплатни.
Со доплата: сите спортови на вода, училиште за нуркање, масажи, SPA центар, осветлување за тениски терени, опрема за тенис, центар за игри.
Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 3 - 16 години поделени во групи според возраст, различни програми во текот на денот и мини диско во вечерните часови. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Gündoğdu, MERKEZ SOKAK NO 92/1, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps