
MA BICHE KEMER HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Гојнук на 46 km од аеродромот во Анталија, на 2 km од центарот на Кемер.
Сместување
Хотелот располага со 350 соби. Сите соби имаат купатило со туш, када, фен, влечки, централа клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, сокови и пиво се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, тепих на подот, Wi-Fi интернет, сателитска тв и музички канали, балкон.
Standard rooms 26 m², една спална со еден француски кревет + софа или кревет на извлекување, едно купатило, макс. 2+2 деца.
Bunk bed rooms 26 m², една спална со француски кревет и кревети на спрат, купатило, макс. 2+2 деца.
Family room garden view 38 m², една спална соба, купатило, макс.4 лица.
Family suit room 38 m², една спална соба + една дневна соба одвоени со врата, две купатила, макс. 4+1 лице.
Хотелот има и 4 соби за лица со попреченост.
Услуга
Услугата во хотелот е ултра се вклучено пијалок и закуска за добредојде, 24 часовна услуга со храна и пијалаци на различни места во хотелот, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот, попладневен чај и кафе, торта, ноќна закуска до 06:30 часот. Бебешко катче во главниот ресторан со микробранова печка, стерилизатор за шишиња, бокал за загревање, рачен блендер. Сите локални и некои стандардни увозни алкохолни (виски, вотка, мартини само во лоби барот) и безалкохолни пијалаци, сладолед во одредени часови во текот на денот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот.
Со доплата: увозни алкохолни пијалаци што не се на менито, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци, услуга во соба, наргиле.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турска и морска кујна, бар на плажа, витамин бар и лоби бар, диско клуб.
Со доплата: доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, факс, комјутерски игри и интернет кафе, фризер.
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори и пешкири за на плажа се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, парна бања, пинг понг, мини фудбал, кошарка, одбојка на плажа. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа, шоу програми навечер, забави на плажа. Toucan клуб за деца од 4 – 12 години, со различни програми поделени во групи според возраста, забави преку ден и диско навечер.
Со доплата: масажа, спа, велнес, спортови на вода, билијард, осветлување за тениски терени и опрема и часови по нуркање.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Göynük, AHU ÜNAL AYSAL CAD NO:43, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps