
LYKIA WORLD ANTALYA (SWANDOR GROUP)
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Денизјака на 50 km од аеродромот во Анталија и 30 km од центарот на Манавгат.
Сместување
Вкупно 449 соби.
Deluxe large rooms (38-44 m², една спална соба со француски кревет + софа или дополнителен кревет, едно купатило, макс. 2+2 лица).
Family suite rooms (68 m², две спални соби, две купатила, макс. 4+1).
Family Duplex pool suite sea side (77 – 88 m², на секој кат по една спална соба, две купатила, тераса со пристап на базен, макс. 4+1 лице).
Pool suite (77 – 88 m², две спални соби, две купатила, дневна соба, голем балкон со пристап на базен, 4+1 лице).
Hamam suite (77 – 93 m², главна спална соба со купатило и турска бања, втората спална соба исто така е со турска бања, дневна соба, голема тераса со пристап на базен, 4+1 лице).
King suite (190 – 200 m², главна спална соба со тркалезен кревет, купатило со џакузи, голем балкон, втората спална соба со купатило со туш, дневна соба со гарнитура за седење, трпезариска маса и внатрешен базен, макс. 6 лица).
Prestige suite (152м², дуплекс, на горниот кат е главната спална соба и купатило, други две спални соби со купатило со туш, долниот кат е со дневна соба и голем балкон, макс. 5 лица).
Villa (190 - 200м², дуплекс, на горниот кат има две спални соби со купатило, сауна и голем балкон, долниот кат со дневна соба и уште една спална соба со купатило со туш, трпезариска маса, внатрешен и надворешен базен, макс. 6 лица).
Сите соби се со купатило со када, туш, фен, влечки, бањарка, централна клима која работи во зависност од временските услови, тавански вентилатор, сеф, мини бар (обична и минерална вода, сокови, пиво се дополнуваат секој ден), сет за кафе & чај, LCD TV со сателитски програми, Wi-Fi интернет, балкон или тераса.
Услуга
Ултра Сѐ Вклучено – 24 часа храна и пијалаци, шведска маса за сите оброци, појадок, доцен појадок, утрински и попладневни закуски, вечера, полноќни закуски и ран појадок до 06.00 часот, диететско бифе, детско бифе, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед во определени часови, слаткарница, бар со ужина на плажа од 10-18.00, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот.
Не се вклучени: премиум пијалаци, специјални вина, флаширани пијалаци и лименки, свежо цедени сокови, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса со посебен дел за диететска, вегетаријанска и детска храна. À la Carte ресторани: турски, рибен, италијански, мексикански, кујна од Далечен Исток, барови низ хотелскиот комплекс, бар за закуски.
Со доплата се доктор и медицинска сестра, услуга за чување деца, перење алишта и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола. Wi-Fi интернет е бесплатен.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа долга 2500 метри. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Павилјони на плажа со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени (затворен е во лето) за возрасни и деца, Аква парк, аква парк за бебиња, фитнес центар, Турска бања, сауна, парна бања, тениски игралишта, кошарка, мини фудбал, стрелаштво, одбојка на плажа, бадминтон, гимнастика се бесплатни.
Со доплата се спортови на вода, Спа Центар, осветлување за тениски игралишта, опрема, часови за голф и голф терени.
Забавни програми со професионален тим во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми, тематски програми, жива музика. За деца има посебен тим и организирана програма за бебиња и деца од 6 месеци до 16 години. Комплетно опремено детско игралиште, лизгалки за деца, активности во текот на денот и во вечерните часови.
Хотелот е реновиран во 2023/2024 година.
Локација
Denizyaka Mah. 1, Denizkent, Kamışlıgöl Küme Evleri No.1, 07550 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps