Прескокни кон содржината
LUNA VISTA BELEK
Повлечи за повеќе слики

LUNA VISTA BELEK

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Богазкент, на 45 km од  Анталија и 40 km од аеродромот.

Сместување

Вкупно 235 соби.
Standard rooms (24 m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Family grand floor room (30 m², на приземје кон градината, една спална соба, едно купатило, макс. 3+1 лице).
Сите соби имаат сопствено купатило со када или туш кабина, фен, сплит клима, телефон, сеф (со доплата), мини бар (со вода и сокови при пристигнување, потоа  се дополнува секојдневно  со вода), сет за кафе и чај, сателитска ТВ и музички канали, ламинатен под, балкон.

Услуга

Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, попладневни закуски, вечера, доцна навечер супа и мини појадок до 02:00 ч, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалoци, сладолед во определени часови, бар на плажа со ужина, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време престојот.
Не е вклучено: сите увозни пијалаци, увозни пијалаци кои не се на мени листата, свежо цедени сокови, специјални вина, сите флаширани пијалаци, турско кафе, пијалаци во Диско клуб.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани (турски и рибен), барови во хотелскиот комплекс.
Доктор, фризер, чување деца, перење, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет (со мала брзина) е бесплатен во лобито.

Плажа

Хотелска песочна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.

Спорт и забава

Отворени  базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг. Со доплата се сите спортови на вода, СПА и центар, билијард, осветлување на тениските терени.
Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4-12 години, мини диско навечер.
Хотелот е реновиран во 2023 година. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. 

Локација

Mehmet Akif, Ersoy Caddesi 32.sokak, 07506 Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps