Прескокни кон содржината
LONICERA WORLD HOTEL
Повлечи за повеќе слики

LONICERA WORLD HOTEL

АланијаUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Инџекум, на 98 km од аеродромот во Анталија и 20 km од Аланија.

Сместување

Вкупно 872 соби во 7 различни блокови. (Во главната зграда нема соби).
Standard rooms (24 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + 1 софа, едно купатило, макс.2+1дете).
Family rooms (44 m², една поголема спална соба или две посебни спални соби одвоени со врата, едно купатило. макс.4 + 1 дете).
Сите соби се со сопствено купатило со када или туш, фен за коса, сплит систем за климатизација, телефон, сателитска ТВ и музички канали, мини бар (обична и минерална вода и сокови по пристигнувањето, подоцна само обична и минерална вода се надополнува), сеф (со доплата), ламиниран и керамички под, балкон.

Услуга

Ултра Сѐ вклучено -  шведска маса за појадок, доцен појадок, закуски во текот на денот, ручек, вечера, попладневни закуски, вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до 02.30 часот, некои увозни алкохолни пијалаци, сладолед во одредени часови.
Не се вклучени: сите други увозни пијалаци, сите флаширани пијалаци, енергетски пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, À la Carte ресторан со претходна резервација и доплата.

Содржини

Главен ресторан за шведска маса, снек бар, бар покрај базен, лоби бар, À la Carte Ресторани Camlik (рибен ресторан).
Доктор, перална, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекцијата во лобито е бесплатна.

Плажа

Хотелска песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце, крпи за плажа, душеци се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и доплата.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, одбојка, пинг-понг, кошарка, фитнес центар, тениски терени, турска бања, сауна, парна бања.
Дополнително се наплаќа: спортови на вода, билијард, масажа, рефлектор за тениски терени, куглање, билијард, компјутерски игри, центар за убавина и здравје, професионални фудбалски игралишта 105x55m.
Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца помеѓу 4-12 години со специјални програми во текот на денот и во вечерните часови. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Türkler, 07407 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps