Прескокни кон содржината
LONICERA RESORT & SPA
Повлечи за повеќе слики

LONICERA RESORT & SPA

АланијаUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба  

Хотелот е лоциран во областа Incekum, 98км од аеродромот во Анталија и 20 км од центарот на Аланија.  

Сместување

Вкупен број на соби 823 во четири блока. Стандардни соби (макс.2+1 лица), Фамилијарни суит соби (макс.4 лица). Сите соби се со купатило со туш кабина или када, фен, клима сплит систем, телефон, сателитска ТВ и музички канали, мини бар (вода и минерална вода се дополнува секој ден), сет за кафе и чај, сеф (се наплаќа), ламинат на подот, Wi-Fi интернет конекција не се наплаќа, балкон.  

Услуга  

Се вклучено-шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневна ужина, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 02.30ч., свежо цедени сокови за појадок. Дополнително се наплаќаат-увозни пијалоци, флаширани пијалоци, сладолед, енергетски напитоци, специјални вина, свежо цедени сокови, A’la Carte ресторани со резервација, влез во Диско клуб.  

Содржини  

Главен резторан со шведска маса, снек бар, бар покрај базен, лоби бар, A’la Carte ресторани-Турски, Француски, Диско бар (влезница се наплаќа, а пијалоците се бесплатни). Доктор, перална, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, rent a car, дополнително се наплаќаат.  

Плажа  

Хотелска плажа, песочна, лежалки за плажа, чадори за сонце, пешкири за плажа и душеци, не се наплаќаат. Приватните павиљони дополнително се наплаќаат.  

Спорт и забава  

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, одбојка, пинг понг, кошарка, фитнес, тениски игралишта, Турска бања, сауна, парна бања. Спортови на вода, билијард, масажа, осветлување на тениски игралишта, куглање, билијард, компјутерски игри, салон за убавина, професионално фудбалко игралиште (105х55м), дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 год. со специјални програми во текот на денот и во вечерните часови.  

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Türkler, Gölcük Cd, 07407 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps