Прескокни кон содржината
LONICERA CITY KLEOPATRA HOTEL
Повлечи за повеќе слики

LONICERA CITY KLEOPATRA HOTEL

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Клеопатра, центарот на градот Аланија и 120 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 60 соби во два блока.
Standard rooms (24 m², една спална соба, едно купатило, макс.2 + 1 дете).
Family rooms (44 m², две спални соби, едно купатило, макс. 4 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со туш и када, фен за коса, сплит систем за климатизација, телефон, сеф (со доплата), мини бар (обична и минерална вода се полнат секојдневно), ламинат , тепих или керамички под, сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Услуга

Сѐ Вклучено - шведска маса за појадок, ручек, вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00 - 23.00 часот.
Не е вклучено во AI концептот: увозни пијалаци, флаширани пијалаци, сладолед, турско кафе, свежо цедени сокови, храна и пијалаци на плажа.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, Lobby bar и street bar.
Доктор, сервис за перење и хемиско чистење се доплаќа. WI - FI интернет конекцијата е бесплатна во лоби, соби и покрај базен.

Плажа

Приватната плажа на хотелот со камчиња и песок, на 100 метри од хотелот преку патот. Лежалки и чадори за сонце на плажа се доплаќаат, но околу базенот се бесплатни. Крпите за на плажа се со доплата.

Спорт и забава

Отворен базен за возрасни и деца, пинг-понг.
Со екстра доплата: спортови на вода на плажа.
Хотелот е реновиран во 2023 година. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Saray, Mehmet Akif Ersoy Cd. No: 29, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps