
LIMAK ARCADIA SPORT RESORT HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е лоциран во областа Белек, 35 км од аеродромот и 40 км од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 465. Стандардни соби 198 (една спална соба,купатило,макс.2+1 лица) во главната зграда, 173 стандардни соби во бунгалови (една спална соба, купатило,макс.2+1 лица), 12 фамилијарни соби во главната зграда и 79 фамилијарни соби во бунгаловите (45-55м², макс.2+2 лица), 3 Гранд суит соби со џакузи во главната зграда. Сите соби се со балкон или тераса, поглед на море или градина, купатило со туш, када и фен, централна клима, телефон, под со тепих, сеф, мини бар (се дополнува секој ден со вода, безалкохолни пијалоци и пиво), сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет.
Услуга
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, кафе, чај, вечера, полноќен оброк, сите локални и увозни стандардни алкохолни и безалкохолни пијалоци, A‘la Carte ресторани, Sushida и Mangal, услуга во соба од 02:00-04:30 часот, сладолед во Pinea ресторанот, свежо цеден сок за доручек не се наплатуваат. Сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименки, специјалните увозни пијалоци, свежо цедениот сок,пакован сладолед, услуга во соба од 04:30-02:00 ч. дополнително се наплатуваат. A‘la Carte рестораните – La Cucuna, Red Wok, Mangal BBQ се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан - шведска маса, A’la Carte ресторани La Cucuna (Италијански), Red Wok (Кинески), Sushida (Јапонски), Pasha (Турски), Мangal (скара), барови на различни локации околу хотелскиот комплекс. Телефон, факс, интернет, шопинг центар, фризер, перална и хемиско чистење, доктор, чување деца, rent a car, телефон, факс и компјутерски игри се наплатуваат. WI-FI во хотелот и собите бесплатно.
Плажа
Песочна хотелска плажа со пешкири, лежалки и чадори за сонце кои не се наплатуваат. Приватните павиљони на плажа се со претходна резервација и дополнително се наплатуваат.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен, базен за деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски игралишта, пинг понг, стрелање, одбојка на плажа, кошарка, не моторни водени спортови не се наплатуваат. Опрема, осветлување на тениските игралишта и часови за тенис, масажа и СПА центар, моторни водени спортови, школа за нуркање дополнително се наплатува. Забавна програма со професионален тим во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Belek, İskele Cd. No:12, 07552 Serik/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps