Прескокни кон содржината
LA BENATA HOTEL
Повлечи за повеќе слики

LA BENATA HOTEL

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот се наоѓа во Огренсехир, 20 km од Манавгат и 80 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 150 соби во 11 блокови на 2 или 3 ката.
Selectum rooms (27 m², лоцирани на 3-от кат, една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Selectum Large rooms (38 m², лоцирани на 2-от кат, една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет + софа, едно купатило, макс. 3+1 дете).
Selectum Family room (47 m², лоцирани на 2-от кат, две спални соби, едната соба со француски, а другата со три единечни кревети, две купатила, макс. 5 лица).
Selectum garden rooms with Jacuzzi (22 m², лоцирани на 1-от кат, една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, џакузи на тераса, макс. 2+1 дете).
Selectum Garden Family room (47m², лоцирани на 1-от кат, две спални соби, една со француски кревет, друга со три единечни кревети, две купатила, макс.5 лица).
Selectum Family large room with Jacuzzi (38 m², лоцирани на 1-от кат, една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет + софа, џакузи на тераса, едно купатило, макс.3+1 дете).
Сите соби се со балкон, приватно купатило со туш кабина, фен, бањарка, влечки, клима уред, телефон, мини бар (обична и минерална вода, сокови се дополнуваат секој ден), сет за чај и кафе, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет.

Услуга

Ултра Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ран и доцен појадок, закуски наутро и попладне, вечера, торта, кафе, чај, вечера, бифе касно навечер, детско бифе, диететско и веганско бифе. Локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, бар на плажа со закуски до 18 часот.
Не се вклучени: увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци кои не се на менито, специјални вина и премиум пијалаци, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, À La Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан за шведска маса, À La Carte ресторани (турски, рибен, мексикански и италијански), барови на различни места околу хотелскиот комплекс, диско клуб.
Не се вклучени: доктор, фризер, перење алишта, продавници, изнајмување кола. WI-FI интернет во целиот хотелски комплекс е бесплатен.

Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки и чадори за сонце се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава

Отворени и затворени базени, детски базени, тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, пинг-понг, одбојка на плажа се бесплатни.
Масажа, спортовите на вода се со доплата.
Забавни програми, натпревари во текот на денот, навечер шоу програми, мини клуб за деца од 4 - 12 години, игралиште, мини диско навечер.

Програма


1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  
» Аеродромски такси.  
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена


УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Örenşehir, Köysokağı Sok Benata Hotel Blok No: 578/1, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps