Прескокни кон содржината
KLEOPATRA ROYAL PALM HOTEL
Повлечи за повеќе слики

KLEOPATRA ROYAL PALM HOTEL

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Аланија, покрај познатата плажа Клеопатра, 1 km од центарот на градот и 118 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 233 соби.

Standard rooms (24 m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице).

Family rooms (30 m², една спална соба со француски кревет одвоена со врата од една дневна соба со кревети на спрат, едно купатило, макс.4 лица). Сите соби се со сопствено купатило со туш, фен, клима, телефон, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, керамички под, балкон.

Услуга

Сѐ Вклучено - отворено шведска маса за појадок, ручек, попладне торта и кафе, вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00 - 23.00 часот.

Не се вклучени: увозни пијалаци, свежо цедени сокови, сладолед, турско кафе, храна и пијалаци после 23.00 часот, безалкохолни пијалаци во барот на плажа од 10:00 - 17:00 часот.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, бар покрај базен, снек бар, бар на плажа.

Доктор, перална, телефон, факс, интернет, изнајмување кола, продавници се со доплата. WI-FI интернет се доплаќа.

Плажа

Песочна плажата е на 50 m од хотелот. Лежалки и чадори за сонце со доплата. Лежалки и чадори за сонце покрај базен се бесплатни. Има пат помеѓу хотелот и плажата.

Спорт и забава

Надворешни базени за возрасни и деца, турска бања, фитнес, пинг-понг, одбојка на плажа. Со доплата се спортови на вода, сауна, масажа, билијард. Забавни програми во текот на денот и навечер, мини клуб за деца од 4-12 години,детско игралиште.

Хотелот е реновиран во 2024/25 (сите соби)

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Kızlar Pınarı, Hasan Şenli Sk. No:3, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps