
KLEOPATRA DREAMS BEACH HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Аланија, во центарот на градот наспроти познатата плажа Клеопатра и 119 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 195 соби.
Стандардни соби (22-25 m², една спална, едно купатило, макс.2+1 лица).
Фамилијарни соби (38 m², една спална и една дневна соба со две софи, едно купатило, макс.4 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со туш, фен, клима, телефон, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), ламинат, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Сѐ Вклучено - шведска маса за појадок, ручек, попладне торта и кафе, вечера, сите локални алкохолни (ракија, џин, вотка, коњак, локални ликери, пиво, вино) и безалкохолни пијалоци до 23.00 часот, На барот на плажа безалкохолни, топли пијалоци и пиво од 10.00 - 17.00 часот.
Не се вклучени: увозни пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба, сладолед, турско кафе и секаква храна и пијалоци после 23:00 часот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, бар покрај базен.
Не се вклучени: Доктор, перална, телефон, факс, интернет, изнајмување кола, продавници.
WI-FI интернет е бесплатен во хотелот.
Плажа
Песочна плажата на 50 m од хотелот.
Лежалки и чадори за сонце се со доплата.
Покрај базенот во хотелот лежалки и чадорите за сонце се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешни базени за возрасни и деца, одбојка на плажа.
Со доплата: спортови на вода, фитнес сала, пинг понг, турска бања, масажа, билијард.
Хотелот е целосно реновиран во 2023/2024
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kızlar Pınarı, Atatürk Blv. No:2, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps