
KIRMAN BELAZUR RESORT & SPA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е лоциран во областа Богазкент, 45 км од Анталија и 40км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 480 во 7 блока на 4 ката.
Стандардни соби: 396 (29м², макс.3+1 лица)-една спална и едно купатило,
Фамилијарни соби: 79 (39м², макс.4+1 лица-две спални одвоени со врата),
Соби за хендикепирани лица: 4
Сите соби се со купатило со када и туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со вода, сокови само на пристигнување), сеф (се наплаќа), сателитска ЛЦД ТВ и музички канали, балкон. Wi-Fi интернет е бесплатен во собите. Собите можат да бидат со поглед на копно или страничен поглед на море.
Услуга
Ултра Се вклучено- од 10:00-02:00 часот, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, снек ресторан на плажа, попладне кафе, чај и колачи, вечера, полноќна закуска, дел за бебиња достапен 24 часа, сите домашни и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, A’la Carte ресторани со резервација и само еднаш за време на престојот. Дополнително се наплаќаат-специјални увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, сладолед (освен во Мини клуб, кој се сервира во одреден час од денот), Clark Geble bar од 02:00-08:00, наргиле.
Содржини
Главен ресторан отворен и затворен, A’la Carte ресторани:Lavanda-медитеранска кујна, Turca-Турска кујна, Zuma- далечен Исток, барови околу хотелскиот компелс. Доктор, чување деца, перална, фризер, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, rent a car, дополнитено се наплаќаат. Wi-Fi интернет е бесплатен во лобито.
Плажа
Хотелска приватна плажа, песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце, душеци и пешкири за плажа не се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, Турска бања, фитнес, Џакузи, тениски игралишта, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг. Сауна, масажа, осветлување на тениски игралишта, спортови на вода, Спа и Велнес центар, куглање, билијард и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот и вечерни шоу програми, Гала вечери, Италијанска вечер, Турска вечер. Мини клуб за деца од 4-12 год.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Boğazkent, 31. Sk. No:8, 07552 Serik/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps