Прескокни кон содржината
JUSTINIANO DELUXE RESORT
Повлечи за повеќе слики

JUSTINIANO DELUXE RESORT

АланијаUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот се наоѓа во регионот Окурчалар, на 90 км од аеродромот во Анталија и 33 км од Аланија.

Сместување

Вкупен број на соби 105 во еден блок (главна зграда) и 110 соби во блок Теодора. Сите соби имаат сопствено купатило со када и туш, фен за коса, влечки, систем за климатизација (работи според временските услови), телефонска линија, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци по пристигнување), котел, сет за кафе и чај, сеф, тепих под, сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Стандардни соби главна зграда (28-36м2; една спална соба, една бања, макс.2+1 лице), Фамилијарна соба главна зграда (45-50м2; две спални соби со влезна врата помеѓу), една бања, макс.4 лица).

Блокот Теодора е одзади, со пешачка патека меѓу нив.

Стандардни соби (28-36м2, една спална, едно купатило, макс.2+1 лице).

Фамилијарни соби (45-50м2, две спални, дуплекс, едно купатило и макс.4 лице).

Услуга

Ultra all inclusive - отворено бифе за појадок, доцна појадок, утрински закуски, ручек, попладне кафе, чај и колачи, вечера, полноќна ужина, детско бифе и бебешко катче, микробранова печка, блендер. A la carte ресторани со резервација однапред и еднаш по престој. Бар на плажа од 10:00 до 18:00 часот, сладолед во одредени часови. Сите домашни и стандардни увозни (само во Лоби бар) алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Со доплата: увозни пијалоци, флаширани и конзервирани пијалоци, свежи овошни сокови, услуга во соба.

Содржината

Главен ресторан со шведска маса, A la Carte ресторани - Турски и Риби со претходна резервација и само еднаш за време на престој од 7 ноќевања. Докторски услуги, грижа за деца, фризер, перална, интернет катче, телефон, факс, трговски центар, изнајмување на автомобил дополнително се наплаќаат. WI-FI интернет-врската е бесплатна во лобито.

Плажа

Приватната плажа на хотелот - со камчиња, со бесплатни лежалки, чадори и крпи за плажа. Павилјони на плажа со претходна резервација и доплата.

Спорт и забава

Надворешни базени за возрасни и деца, тобогани, одбојка на плажа, кошарка, пинг-понг, фитнес центар, турска бања, сауна. Се доплаќа: спортови на вода, масажа, парни бањи, Спа и центар за убавина, билијард. Забавни програми во текот на денот, натпревари на базен и на плажа, шоу програми во вечерните часови, отворено кино за деца. Мини клуб за деца од 04 - 12 години со дневна диско и мини диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Okurcalar, 581. Sk. No:5, 07415 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps