
INNVISTA BELEK
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Белек на 900 m од морскиот брег и 25 km од аеродромот.
Сместување
Вкупно 315 соби во главна зграда со три блока.
Standard rooms (24 m²; една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2 + 2 лица).
Family rooms (35 m², со поглед на градина, две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Family suit rooms (47 m², со поглед на базен или градина, две спални соби одвоени со врата, мала софа, едно купатило, макс. 4 лица).
Сите соби се со балкон, сопствено купатило со туш кабина, фен за коса, влечки, клима која работи според временските услови, телефон, ламинат на подот, мини бар (вода и сокови се дополнува секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски, вечера и доцни закуски, детско бифе, диететска храна, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, стандардни увозни алкохолни пијалаци, пијалак и сендвич во кутија на плажа, бар на плажа од 08:00-18:00 часот.
Не се вклучени: луксузни увозни пијалаци, свежо цедени сокови, специјални вина, флаширани пијалаци, услуга во соба, енергетски пијалаци, À la Carte ресторани (освен првата посета на рибниот ресторан) се со претходна резервација и со доплата.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани - Far East ресторан, ресторан со медитеранска кујна, ресторан со турска кујна, рибен ресторан, барови на различни места околу хотелскиот комплекс.
Продавници, фризер, доктор, чување деца, перење алишта и хемиско чистење, салон за убавина, изнајмување кола, телефон, факс, интернет и компјутерски игри се со доплата. Wi-Fi интернет во собите и на сите јавни површини е бесплатен.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа на 900 метри од хотелот. Крпи, душеци и чадори за сонце се бесплатни. Има бесплатен превоз до плажата од 08:00 – 19:00 часот.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени, базени за деца, три лизгалки со вода за возрасни и пет лизгалки за деца, фитнес центар, сауна, турска бања, џакузи, тениски терен, пинг-понг, одбојка и кошарка се бесплатни.
Со доплата: осветлување за тениските терени, опрема за тенис, часови по тенис, масажа, СПА и центар за убавина, спортови на вода, билијард, Adventure Park.
Забавни програми за возрасни во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Има и мини клуб за деца од 4 - 12.
Хотелот е реновиран во 2023 година.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kadriye, Beşgöz Cad No:3, 07525 Serik/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps