
IC HOTELS GREEN PALACE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Lara
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кунду, 25 км од центарот на Анталија и 15 км од аеродромот.
Сместување
Вкупен број на соби 429.
Стандардни соби: 379 (26м², една спална, едно купатило, 2+1 лица),
Quad Стандардни соби: (26м²,една спална со Француски кревет + 2 помошни кревети, едно купатило 3+1 лица),
Фамилијарни соби: (52м², 2+2 лица, една дневна, две спални соби, две купатила),
Јуниор Суит: (33м², 2+1 лица, една спална соба со брачен кревет, софа и гарнитура за седење, едно купатило), соби за хендикепирани лица (26м², специјално дизајнирани),
Детски Суит: (52м², две одвоени спални со купатило),
King Суит: (131м², една дневна соба, две спални, едно купатило со џакузи и уште едно со када),
Претседателски Суит: (213м², на најгорниот кат од хотелот, две спални и една спална за послуга, дневна со дел за ручање и дел за работа, едно купатило со џакузи и уште едно со када ).
Сите соби се со поглед на море или градина, со балкон или тераса, купатило со када и фен, влечки, централна клима, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се дополнуваат секој ден), сеф, тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали, интернет конекција.
Гостите од King суитите и од Претседателскиот суит имаат ВИП концепт (бесплатен трансфер до аеродром, експресно пријавување и одјавување од хотелот, секојдневно дополнување на мини барот, корпа со овошје, џус, увозно пиво, кафе и чај, два пати во денот чистење на собата, цвеќе во соба, собни папучи, бањарка, пешкири за на плажа, перална, безжичен интернет).
Услуга
High End Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина, колачи, сладолед, вечера, доцна полноќна шведска маса. Сите домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар во собите, пијалок за добредојде и корпа со овошје во соба за добредојде, не се наплаќа. Луксузните пијалоци, сите флаширани пијалоци, специјалните вина, услуга во соба, пијалоците и цигарите во Lounge, A’la Carte ресторани со претходна резервација, се наплаќаат, и се користат само еднаш за време на престојот. Во Италијанскиот A’la Carte ресторан не е дозволено за деца помали од 12 год.
Содржини
Jasmine-главен ресторан-шведска маса, Sunset snack bar за ужина, 6 A’la Carte ресторани: Cavalli (Италијанска кујна), Casa Mexicana (Мексиканска кујна), Wabi Sushi Japanese (Јапонска кујна), Wabi Tepenyaki (кујна од Далечниот Исток), Fes (Турска кујна), Green Fish (ресторан за морска храна), барови на различни локации околу хотелскиот комплекс, IC café, IC Cream world, Free Zone диско клуб. Телефон, факс, шопинг центар, фризер, доктор, чување деца, сервис за перење и пеглање, internet café, компјутерски игри, rent a car, се наплаќа. WI-FI (ниска брзина) е бесплатно.
Плажа
Песочна приватна хотелска плажа, со пешкири, чадори за сонце и лежалки кои не се наплатуваат. Приватните павиљони на плажа со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен, базен за деца, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, тениски игралишта, сквош, мал фудбал, мини голф, одбојка на плажа, пикадо не се наплаќа. Спортови на вода, осветлување на тениски терени, опрема и часови по тенис, масажа, Спа и велнес центар, билијард, куглање, школа за нуркање се наплатуваат. Забавна програма преку целиот ден за возрасни и деца, натпревари покрај базенот и на плажа. Специјален шоу програм навечер кој се менува секој ден. Мини клуб за деца од 04-12 год во тек целиот ден и во вечерните часови.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kundu Mahallesi Yaşar Sobutay Cad No:432, 07070 Aksu/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps