Прескокни кон содржината
HOTEL TURAN PRINCE
Повлечи за повеќе слики

HOTEL TURAN PRINCE

СидеAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Кизилагач на 75км од аеродромот во Анталија и 15км од античкиот град Сиде.

Сместување

Вкупно 688 соби во главна зграда, Select Вили и во Клуб зградите.

Хотелски стандардни соби (29м², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет и софа кревет, едно купатило, макс.2+2 лица),

Хотелски дуплекс соби (44м²; на спрат спална соба со француски кревет, на долниот кат два двојни кревети, едно купатило, макс. 4+1 дете).

Клуб стандардни соби (24-28м², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет и софа кревет, едно купатило, макс.2+2 лица)

Клуб дуплекс соби (40м², на спрат спална соба со француски кревет, на долниот спрат два двојни кревети, едно купатило, макс. 4+1 дете).

Select стандардни соби (30м², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет и софа кревет, едно купатило, макс.2+2 лица)

Select дуплекс соби (50м², на спрат еден француски кревет и едно купатило, долу двојни кревети и едно купатило разделени со врата, макс. 4+1 дете)

Select сениор апартман (65м², дуплекс, две спални соби, една дневна соба, две купатила, макс. 5+2 деца).

Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен и сет во купатило, централен клима уред кој работи според временските услови, сеф, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден), сет за кафе и чај, LCD TV со сателитски канали, балкон или тераса, WI-FI интернет конекција.

Услуга

Сѐ вклучено - шведска маса со појадок, ручек и вечера, брза храна на плажа и во Aqua Snacks, попладневен чај, кафе, торти и полноќни супи, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, À la Carte ресторани ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, шампањ, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, наргиле, услуга во соба и услуга за дополнителен пијалок. За гостите во типот на соби Select Вила има достапен select концепт.

Содржини

Sofra – главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани ресторани: Bellona Zargana – медитеранска кујна, Dragon – кинеска кујна, El Torito – мексиканска кујна, Paradise бар на плажа, лоби бар, Aqua Snack бар, Диско клуб. Докторски услуги, бебиситер, фризер, услуга за перење, услуга во соба, телефон и факс, интернет кафе, компјутерски игри, шопинг центар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во целиот хотел и во собите.

Плажа

Хотелска приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце, душеци и пешкири на плажа.

Спорт и забава

Прекрасен аква парк со 14 лизгалки за возрасни и деца, отворени и затворени базени за ворасни и деца, полуолимписки базен, Fun Fair - забавен парк, тениски терени, мини голф, фудбал, кошарка, одбојка на плажа, пинг-понг, фитнес центар, сауна, Турска бања, соба со пареа, џакузи се бесплатни. Сите видови на спортови на вода, билијард, масажа, центар за убавина и СПА центар, обука за нуркање, компјутерски игри се доплаќаат. Забавни програми во текот на денот со натпревари на плажа и покрај базен, навечер различни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-11 години и Јуниор клуб за деца од 12-17 години, мала зоолошка градина, мини диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Gündoğdu Turizm Merkezi, Yayla, Barbaros Cd. No:7, 07550 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps