
HOLIDAY PARK RESORT
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е лоциран во областа Karaburun, 25км од Сиде и 90км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 207. Стандардни соби (25-29м², макс.3+1 лица). Сите соби се со купатило со када, туш и фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (се дополнува секој ден само со вода), сеф (се доплаќа), сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Се Вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ужина, ручек, вечера, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24.00ч. Дополнително се наплаќаат-увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сите пијалоци во Диско клуб, пијалоци во Лоби бар по 24.00ч., сите флаширани пијалоци, сладолед, коктели, еспресо и капучино.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, Лоби бар, снек бар, бар на плажа. Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, интернет, фризер, продавници, дополнително се наплаќаат.
Плажа
Хотелска плажа, песок со камчиња. Лежалки на плажа и чадори за сонце не се наплаќаат. Пешкири за плажа со депозит. Приватни павиљони со резервација и се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворен базен за возрасни и деца, три лизгалици на вода, Турска бања, фитнес, тениски игралишта. Масажа, билијард, спортови на вода, осветлување на тениски игралишта и опрема за тенис, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, натпревари и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Holiday Park Resort, 07415 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps