
HIMEROS BEACH HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на Кемер, на 55 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 92 соби.
Стандардни соби (20 m², спална соба со француски кревет или два единечни кревети, купатило, макс.2 + 2 лица).
Фамилијарна соба (45 m², спална соба со француски кревет, една дневна соба со два единечни кревети + екстра кревет, едно купатило, макс. 5+1 дете).
Сите соби се со купатило со туш, фен, сплит систем за климатизација, мини бар (празен), сеф (со доплата), сателитска ТВ, музички канали, тепих на подот, француски балкон.
Услуга
Сѐ Вклучено - шведска маса за појадок, ручек, вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци (водка, наливно вино, пиво, концентриран овошен сок, чај, кафе, вода) од 10.00 до 20.30 часот.
Не е вклучено: увозни пијалаци, други локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цедени сокови, сладолед, турско кафе и храна по 20.30 часот.
Содржини
Главен ресторан за шведска маса и бар покрај базенот.
Доктор, перење алишта, телефон, факс, интернет, изнајмување коли се со доплата.
WI-FI интернет се наплаќа.
Плажа
Јавна плажа со ситни камчиња на 300 м од хотелот и помеѓу има улица.
Лежалките и чадорите за сонце се наплаќаат, а тие покрај базенот се бесплатни.
Крпи за на плажа не се достапни.
Спорт и забава
Надворешен базен со дел за деца.
Спортови на вода на плажа се наплаќаат.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Merkez, Dumlupınar Cd. No:2, 07990 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps