
HAYDARPASHA PALACE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот е се наоѓа во Турклер на 25 km од Аланија и 100 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот располага со 592 соби. Сите соби се со бања со туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, сокови и пиво се дополнува секој ден) електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинат на под, сателитска ТВ и музички канали, балкон, Wi-Fi интернет конекција (со слаба брзина).
Стандардни соби 26-32 m² eден брачен кревет + еден единечен кревет.
Економски соби 20-24 m² eден брачен кревет.
Супериор соби 34 – 38 m² голема спална соба со гарнитура за седење.
Фамилијарни соби тип А 39 – 47 m²со две спални соби и една бања.
Фамилијарни соби тип Б 47-64 m² две спални соби, две бањи.
Фамилијарни дуплекс соби 43-78 m² на долниот кат имаат еден брачен кревет, на горниот кат има два единечни, две бањи.
Услуга
Услугата во хотелот е Ultra All inclusive - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина во текот на денот и попладне, вечера, закуски касно навечер, ран појадок, сите локални и стандарни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед во одредени часови, снек бар на плажа од 10-18.00ч.
Со доплата : луксузни увозни пијалаци, пијалаци кои што не се на менито, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци, услуга во соба, специјални вина, À la Carte ресторани со претходна резервација.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, бар со ужина на плажа, À la Carte ресторани: турски, италијанскжиа, рибен ресторан, барови низ целиот хотелски комплекс, диско бар.
Со доплата : доктор, перална и хемиско чистење, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутески игри, продавници, изнајмување кола. Wi-Fi интернет конекција (со слаба брзина) во целиот хотел.
Плажа
Хотелска песочна плажа со ситни камчиња.Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, полуолимписки затворен базен, аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, одбојка на плажа, пинг понг, гимнастика.
Со доплата : масажа, Wellness и СПА центар, спортови на вода, куглање, билијард, комјутерски игри.
Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и базен, вечерни шоу програми, специјални програми за деца. Мини клуб за деца од 4-11год, детско игралиште, мини диско навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Türkler Mevkii / Alanya / TÜRKİYE, 07407 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps