
HAWAII SUITE BEACH HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на градот Аланија, на 120 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 70 соби во две згради.
Standard rooms (18 m², една спална соба со француски кревет, една дневна соба со дополнителен кревет, макс.2+1 лице).
Standard rooms without balcony (18 m², една спална соба со француски кревет, едно купатило, без балкон, макс.2 лица).
Suit room (40 m², една спална соба со француски кревет, една дневна со дополнителни кревети, едно купатило, клима само во спална соба, макс.4 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со када или туш, клима, телефон, сателитска ТВ и музички канали, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), ламинат, балкон.
Услуга
Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, ручек, кафе и чај попладне,вечера, некои локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00 - 22.00 часот.
Не е вклучено: увозни пијалаци, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалаци, специјални вина, сладолед, турско кафе, коктели, храна и пијалаци на плажа.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, бар покрај базен.
Доктор на барање, телефон, факс, интернет, сеф на рецепција се доплаќаат. WI-FI интернет е бесплатен во лоби.
Плажа
Хотелска плажа на 50 метри од хотелот. Лежалките и чадорите за сонце се со доплата. Крпи за плажа не се достапни. Лежалките и чадорите за сонце покрај базенот се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешен базен за возрасни и деца. Спортови на вода на плажа, турска бања, сауна, масажа се доплаќаат.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Mah. Ahmet Asım, Güller Pınarı, Ahmet Tokuş Blv. No:125, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps