Прескокни кон содржината
GREEN GARDEN SUITE
Повлечи за повеќе слики

GREEN GARDEN SUITE

АланијаUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Обагол, 3 km од центарот на градот Аланија и 133 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 52 соби во Вили.
Апартман со една соба (42 -46 m², една спална соба со француски кревет + два софа кревети, простор за седење, едно купатило, макс. 4 лица).
Фамилијарен апартман со две спални соби (73 m², две одвоени спални соби, дневен простор и едно купатило, макс.4+2 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, бањарка, клима, опрема за кујна, машина за чај и кафе, чајник, телефон, мини бар (вода и сокови по пристигнување), сеф, WI-FI интернет конекција, сателитска ТВ и музички канали, балкон или тераса.

Услуга

Сѐ Вклучено – со концептот Сѐ Вклучено се служи појадок, закуски, ручек и вечера во Green Garden Resort & Spa хотел кој е на 70 m од хотелот Green Garden Suit - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне торта и кафе, вечера, ноќни закуски, локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 – 24:00 часот, сладолед покрај базен во одредени часови.
Не се вклучени: увозни пијалаци, свежо цедени сокови, пакуван сладолед, турско кафе, специјални вина и коктели, снек бар на плажа отворен од 09:00 – 18:00 часот и доплата, À la Carte рестораните се со претходна резервација и доплата.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани, лоби бар, бар покрај базен и бар на плажа.
Не се вклучени: Доктор, перална и хемиско чистење, телефон, факс, изнајмување кола, продавници.
WI-FI интернет конекција во целиот хотел е бесплатна.

Плажа

Хотелска приватна плажа на 50 m од хотелот со песок и камчиња.
Лежалки, чадори за сонце, крпи за плажа се бесплатни.
До плажата има подвозник.

Спорт и забава

Надворешни базени за возрасни и деца, тобоган на вода, пинг-понг, одбојка на плажа.
Со доплата: турска бања, сауна, парна соба, фитнес сала, масажа, велнес третман, спортови на вода на плажа.
Има анимација во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца од 6 - 12 години, игралиште со програма преку ден и мини диско навечер.
Сите гости кои престојуваат во хотелот Green Garden Suit го користат концептот all inclusive во Green Garden Resort & Spa Hotel. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. 

Локација

Oba, Yaşar Doğu Cd. No:9, 07460 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps