
GREEN GARDEN RESORT & SPA HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Обагол, 3 km од центарот на градот Аланија и 133 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 340 соби во 5 блока и 41 вила.
Еко Комфорт фамилијарни соби со една спална соба (35 m², лоцирани на поткровје, една спална соба со два единечни кревети и две софи, дел за седење, едно купатило, макс.4 лица).
Стандардни соби со поглед на копно (23 m², една спална со француски кревет и еден единечен кревет, купатило, макс.2+1 лице).
Стандардни фамилијарни соби со поглед на копно (35 m², две спални, во едната има француски кревет, а во другата два единечни кревета, дел за седење, купатило, макс. 5 лица).
Комфорт соби со една спална соба (35 m², една спална соба со два единечни кревети и две софи, дел за седење, едно купатило, кујна, макс.4 лица).
Комфорт соби со две спални соби (50 m², една спална соба со брачен кревет, друга спална соба со два едиечни кревети и дневна соба со две софи, макс.6 лица).
Вила соби со две спални соби (49 m² + 10 m² тераса, една спална соба со француски кревет, една со eдинечни кревети и соба за дневна соба со две софи и кујна, едно купатило, макс.6 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен за коса, сплит клима, телефон, мини бар (вода и сокови на пристигнување), сеф, сателитска ТВ и музика канали, Wi-Fi интернет, балкон.
Услуга
Сѐ вклучено - појадок, доцен доручек, ручек, попладне торта и кафе, вечера, ноќни закуски, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 – 24:00 часот,
сладолед покрај базенот во одредени часови во текот на денот.
Не се вклучени: увозни пијалаци, свежо цедени сокови, пакуван сладолед, турско кафе, специјални вина и коктели, бар за закуски на плажа од 09:00 – 18:00 часот. À la Carte ресторани се со претходна резервација и со доплата.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани (турски, мексикански) и À la Carte ресторан со закуски на плажа, лоби бар, бар на базен и бар на плажа.
Доктор, перење и хемиско чистење, телефон, факс, изнајмување кола, продавници се наплаќаат.
WI-FI Интернет е бесплатен во целиот хотел.
Плажа
Хотелска плажа со песок и камчиња на 50 метри од хотелот.
Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни.
Има подземен премин кој води кон плажа.
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, тобогани, пинг понг, одбојка на плажа.
Со доплата: турска бања, сауна, парна бања, фитнес сала, масажа, центар за убавина, спортови на вода.
Програми со анимација во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца од 4 - 12 години, игралиште, со програма во текот на денот и мини диско навечер.
Хотелот е реновиран во 2021 год.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Obagöl Mahallesi, 4. Sk. No:3, 07460 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps