Прескокни кон содржината
GALAXY BEACH HOTEL
Повлечи за повеќе слики

GALAXY BEACH HOTEL

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Махмутлар на 135 km од аеродромот во Анталија и 14 km од центарот на Аланија.

Сместување

Вкупно 116 соби во два блока.

Стандардни соби (20 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет или кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2 лица).

Анекс соби со поглед на копно (22 m² една спална соба едно купатило, поглед према копно, макс. 2+2лица).

Собите имаат купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), сателитска ТВ со музички канали, балкон.

Услуга

Сѐ Вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, во попладневните часови торта, чај, кафе, вечера, локални алкохолни пијалоци (пиво, вино, ракија, водка, џин) и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 23.00 часот.

Не се вклучени: увозни пијалоци, храна и пијалоци после 23.00 часот, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, турско кафе, услуга во соба, мини бар во соба.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, снек бар, бар покрај базен.

Со доплата:  доктор, перење, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, изнајмување кола. Интернет во лобито е бесплатен.

Плажа

Хотелска плажа со песок и камчиња на 30 м од хотелот.

Лежалки и чадори за сонце се бесплатни, а крпи за на плажа со доплата.

Има тунел под патот до плажа.

Спорт и забава

Надворешен базен за возрасни и деца, фитнес сала, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни.

Со доплата се: турска бања, сауна, масажа, спортови на вода, билијард.

Забавни програми, мини клуб за деца, детско игралиште и мини диско во вечерните часови.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

mahmutlar mah. D 400 Karayolu, üzeri no 187, 07450 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps