
FAME HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на Кемер и на 50 km од аеродромот во Анталија. Оддалечен е 175 m од Fame Beach Hotel 4*.
Сместување
Вкупно 108 соби.
Standard rooms (15-39 m², една спална соба, едно купатило, макс.2+2 лица).
Собите имаат балкон, приватно купатило со туш или када, фен, сплит клима систем, телефон, мини бар (само со вода), сеф (со доплата), ламинат на подот, сателитска телевизија и музички канали.
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, попладне колачи, кафе и чај покај базенот, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до 23:00 часот.
Не се вклучени: сите увозни пијалаци, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци, сите пијалаци во диско барот, храна и пијалаци после 23 часот. (Гостите од Fame Hotel го користат ресторанот во Fame Beach Hotel).
Содржини
Главен ресторан (во Fame Beach Hotel), барови на базен во двата хотела.
Доктор на барање, перење алишта, чување деца, продавници, телефон, факс, инетернет и компјутерски игри, изнајмување коли се со доплата. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна во лобито.
Плажа
Хотелска приватна плажа на 175 m од хотелот (гостите на двата хотела користат иста плажа). Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни, крпите за плажа се со депозит.
Спорт и забава
Отворен базен за возрасни, со посебен дел за деца, пинг понг.
Билијард и спортови на вода се доплаќаат.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Merkez, Anafartalar Cd. 111 sokak, 07990 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps