
FAME BEACH HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на градот Кемер и на 50 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот располага со 110 соби . Сите соби се со балкон, купатило со туш кабина или када, фен, клима, телефон, мини бар (само вода), сет за кафе и чај, сеф (со доплата), ламинатен под, сателитска ТВ со музички канали
Standard rooms 16 m², една спална соба со француски или два единечни кревети и еден дополнителен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лице.
Family rooms 33 m², една голема спална соба со француски кревет + два единечни кревети, едно купатило, макс. 2+2 лица.
Superior family rooms 40 m², две спални соби одвоени со врата - една со француски кревет, друга со два единечни кревети, едно купатило, макс.4 лица.
Услуга
Услугата во хотелот е се вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски, торта, чај и кафе, вечера, сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалаци до 23.00 часот.
Со доплата: сите увозни пијалаци, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци, сите пијалаци во диско бар, храна и пијалаци после 23:00 часот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, барови покрај базен во двете згради. WI-FI интернет во лобито е бесплатен.
Со доплата:доктор на барање, перална, чување деца, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола.
Плажа
Хотелска приватна плажа пред хотелот со бесплатни лежалки и чадори за сонце, пешкирите за плажа се со депозит.
Спорт и забава
Надворешни базени со посебен детски базен, пинг-понг. Билјард и спортови на вода дополнително се наплаќаат.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Merkez, Deniz Cd. NO:25, 07990 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps