
FALCON HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Antalya City
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Анталија на 5 км од центарот на градот и 17 км од аеродромот.
Сместување
Вкупно 230 соби
Стандардни соби (18-20м², макс.2+1 лица - една спална и купатило со поглед на море и копно).
Супериор соби (30-35м², макс.2+1 лица - една голема спална соба со дел за седење, поглед на море, едно купатило)
2 соби за хендикепирани лица.
Сите соби се со балкон или со француски балкон, купатило, када, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (се дополнува секој ден со вода), тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет конекција балкон.
Услуга
Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, fast food во snack ресторанот, ручек, попладне колачи, чај,кафе, вечера, полноќна закуска. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 -24.00 часот, бар на плажа од 10.00-17.00 часот, À la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот. Не се вклучени сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сладолед, турско кафе, сите пијалоци во Витамин барот и во диско клубот, флаширани пијалоци, наргиле, услуга во соба, сите пијалоци после 24.00 часот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан со турска кујна, снек бар покрај базенот, лоби бар, бар на плажа, турски бар. Доктор, чување деца, услуга во соба, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола, шопинг центар дополнително се наплаќаат. Бесплатен Wi-Fi интернет.
Плажа
Хотелска плажа (водат скали до плажата која е камчеста) и има платфрорма со лежалки. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени со дел за деца, 2 лизгалици на вода, фитнес центар. Турска бања, сауна, парна бања, тениско игралиште, мини фудбал, одбојка, пинг понг. Се доплатува за осветлување на терен, билијард, масажа, спортови на вода и часови по нуркање. Забавни програми во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца и детско игралиште за деца од 4-12 години.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Şirinyalı, 1540. Sk. No12, 07160 Muratpaşa/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps