Прескокни кон содржината
ERGUN HOTEL
Повлечи за повеќе слики

ERGUN HOTEL

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во центарот на Аланија, на 130 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 62 соби.
Стандардни соби (25-30 m², спална со француски кревет и еден единечен кревет, купатило, макс.2+1).
Фамилијарни соби со кревет на спрат (35-37 m², поголема соба со француски кревет или два единечни кревета, + кревети на спрат, купатило, макс.2+2).
Сите соби имаат приватно купатило со туш, клима, сеф (со доплата), мини бар (со доплата), плочки на подот, телефон, Wi-Fi интернет (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Услуга

Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ручек и вечлера, локални алкохолни (вино и пиво) и безалкохолни пијалаци помеѓу 11:00-22:00 часот, сокови на растварање.
Не се вклучени: увозни пијалаци, останати локални пијалаци, специјални локални пијалаци, сите пијалаци во шише, свежо цедени сокови, сладолед, турско кафе, услуга во соба, храна и пијалаци на плажа.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса (на најгорниот кат од хотелот).
Не се вклучени: Доктор на барање, телефон, факс, изнајмување кола, продавници.
Wi-Fi интернет во лоби е бесплатен.

Плажа

Хотелска плажа на околу 600 m од хотелот.
Лежалки и чадори на плажа се со доплата, а покрај базен се бесплатни.
Има бесплатен шатл превоз до плажа.

Спорт и забава

Надворешен базен на најгорниот кат од хотелот.
Спортовите на вода на плажа се со доплата.

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Ergün Otel, Kadıpaşa, Alabacak Sk. No:1, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps