
ELAMIR RESORT HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот се наоѓа на влезот во Кемер и е одалечен 44км од Анталија.
Плажа
Хотелот е одалечен 150 метри плажа. Има своја плажа долга 120 метри. Плажата се состои од песок и камчиња, чадори, лежалки и душеци се бесплатни на плажа. Плажата има игралиште, тревна површина и површина со песок. Храна и пијалоци како и крпи за плажа се наплаќаат на плажата.
Сместување
Хотелот има вкупно 102 стандард соби и 1 соба за лица со посебни потреби. Собите се 17-24м2 и тие се 2 + 1 (дополнителен кревет е софа на преклопување). Собите имаат поглед на море, базен, градина и планина. Подовите се обложени со керамика. Секојдневно чистење на собите; Постелнината и крпите се менуваат на секои 3 дена. Туш, централна клима, LCD телевизор, балкон, минибар, сеф, чајник, телефон, фен за коса, производи за туширање. Достапно е креветче за бебиња, столче за бебиња (ресторан). Сеф, Wi-Fi, перење и пеглање се наплаќаат.
Услуга
All Inclusive. Хотелот има главен ресторан, ресторан за закуски на плажа и катче за палачинки покрај базен. А Ла Карте ресторан: • 07:00 – 10:00 појадок (отворено бифе) • 10:00 – 10:30 доцна појадок (отворено бифе) • 12:30 – 14:00 ручек (отворено бифе) • ПАУЗА ЗА КАФЕ 17:00-17:30 часот • 19:00 – 21:00 часот Вечера (отворено бифе)
Содржина и активности
Спа центар, пинг понг, пикадо, фитнес центар,, игри во вода, турска бања, аеробик, гимнастика, аква аеробик итн...
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Yeni, Atatürk ve Demokrasi Blv NO :85, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps