
DREAM WORLD HILL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy, 6 км од Сиде и 55 км од Анталија.
Сместување
Вкупно број на соби 321.
Стандардни соби (30м2, една спална соба и едно купатило, макс.2+1 лице),
Фамилијарни соби (50м2, две спални соби со врата, едно купатило, макс.4 лица) и две соби за хендикепирани лица.
Собите се со сопствено купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, мини бар ( вода и минерална вода се надополнува секој ден), сеф ( се доплаќа), под со ламинат, ЛЦД ТВ со сателитска програма, балкон.
Услуга
All inclusive- шведска маса за по јадок, ручек, попладневна торта, колачи, ужинка, вечера, ужина доцна навечер, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 до 24.00 часот, мини бар во собите. A’ la Carte ресторан со предходна резервација. НЕ Е ВКЛУЧЕНО:увозни пијалоци, сите локални и увозни флаширани вина, увозен шампањ, Турско кафе, свежо цедени сокови, услуга во соба, пијалоци во диско клуб.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’ la Carte ресторани, Турски, Рибен, Италијански, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, хемиско, шопинг, телефон, факс, интернет, комјутерски игри и рент а кар со доплата. WI-FI интернет конекција во лоби, бесплатно.
Плажа
Хотелска приватна плажа, 350 м од хотелот, песочна со лежалки, чадори и пешкири за плажа не се наплаќаат. Има бесплатен превоз до плажа.
Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базен ( затворен во летната сезона) за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка, пинг понг, бесплатно. Со доплата: Масажа, СПА и салон за убавина, билјард и сите водени спортови. Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 04-12 години.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.