
DOBEDAN WORLD PALACE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кириш на 65 km од аеродромот во Анталија и 6 km од Кемер.
Сместување
Вкупно 816 соби во 6 хотелски згради.
Standard rooms (35 m², една спална, купатило, макс.2+1лица).
Duplex family rooms (56 m², на приземје има спална соба со француски кревет и врата, купатило, на кат има спална соба со 2 единечни кревета и туш, макс. 4 лица).
Terrace suit rooms (57 m², една спална и дневна соба одвоени со врата, голема тераса со поглед на море, макс. 4 лица, реновирани во 2023).
Superior rooms (35 m², една спална, едно купатило, макс.2+1 лице).
Superior Quad standard rooms (35 m². една спална, едно купатило, макс.2+2 деца).
Superior Swim up room (35 m², една спална соба, едно купатило, макс. 3 лица).
Superior duplex family rooms (56 m², на приземје има спална со француски кревет и врата, купатило, а на кат има два единечни кревета и туш, макс. 4 лица)
8 соби за лица со попреченост.
Сите соби имаат балкон / тераса, приватно купатило со када (во стандардните соби) и туш (во супериор собите), бањарка, влечки, фен, централна клима, сателитска телевизија и музички канали, телефон, мини бар (обична и минерална вода, сокови и пиво се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, стандардните соби имаат плочки на подот, а супериор собите имаат ламинат, WI-FI. Супериор собите се реновирани во 2024 / 25.
Услуга
Ултра сѐ вклучено – 24 часовна улуга за храна и пијалаци - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски до сабајле до 06:00 часот, закуски во текот на денот, сладолед во одредени часови во слаткарницата, сите локални и некои стандардни алкохолни и безалкохолни пијaлаци, свежо цеден сок од портокал само за појадок, детско бифе и дел за бебиња (со микробранова, блендер), диететско бифе, бар со закуски на плажа, Старбакс кафе.
Не е вклучено: специјални луксузни увозни пијалаци, специјални и флаширани вина и пијалаци, À la Carte ресторани се со претходна резервација и со доплата, свежо цедени сокови, наргиле, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани со италијанска, турска, јапонска кујна, рибен ресторан, Piano bar, лоби бар, бар покрај базен и на плажа, диско бар.
Доктор, бизнис центар, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, перење и хемиско чистење, чување деца, мини маркет, продавници, фризер, изнајмување кола се со доплата. WI-FI интернет е бесплатен низ целиот хотел.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни.
Павилјоните на плажа се со претходна резервација и доплата.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, полуолимписки базен, тобогани, релакс базен, базен за деца со морска вода на плажа, игралиште за деца, тениски терени, пинг понг, кошарка, одбојка, одбојка на плажа и фудбал, сауна, турска бања, теретана.
Спортови на вода, осветлување и опрема за тениски терени, билијард, школа за нуркање, Спа и велнес центар и компјутерски игри се со доплата.
Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми навечер, жива музика, диско и мини клуб за деца од 4-12 години.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kiriş, Sahil Cd. No: 5, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps