Прескокни кон содржината
DOBEDAN BEACH RESORT COMFORT
Повлечи за повеќе слики

DOBEDAN BEACH RESORT COMFORT

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Се наоѓа на околу 12 километри од центарот на Сиде, Gündoğdu - Манавгат. Од аеродромот во Анталија е на околу 55 километри.

Сместување

Хотелот е отворен во 2004 година и се простира на површина од 32.000 м2. Последен пат е реновиран во 2014 година. Располага со 328 соби (262 стандардни, 64 семејни, 2 кралски апартмани, 3 соби за лица со посебни потреби). Сите соби имаат балкон, брачен кревет/два посебни кревети, фен, телефон, плазма телевизор со сателитски канали, бањарка, папучи, апарати за правење чај и кафе, Wi-Fi, централна клима, минибар (се надополнува секој ден со сокови, вода и пиво ) и сеф.

Хотелски содржини

Услугата во хотелот е Ultra All Inclusive - појадок, доцен појадок, ручек, вечера (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот во главниот ресторан), полноќна ужина. Некои од главните оброци се служат и во рестораните Снек и Бистро. Концептот вклучува диетално и детско мени, тематско мени, ресторан за закуски, грицки, турски палачинки и слаткарница во одредени периоди од денот, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед за време на вечерата, топли пијалоци, брза храна .

Спорт и забава

Хотелот располага со 5 базени (релаксација, активност, базен со лизгалки, детски базен и внатрешен базен), фитнес центар и тениско игралиште, диско, музика во живо, дневни и вечерни анимации. Други активности вклучуваат кошарка, одбојка, одбојка на плажа, пинг-понг, стрелаштво, степ аеробик, фудбал.

Плажа

Хотелот располага со песочна плажа долга 100 метри и широка 60 метри, каде што користењето на лежалки, чадори и пешкири е бесплатно. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Gündoğdu, 07550 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps