
DIAMOND HILL RESORT
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е лоциран во Аланија, 4км од центарот и 125км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 298. Стандардни соби 254 (32м², макс.2+2 лица), фамилијарни соби 20 (35м², една голема соба, едно купатило, макс.4+1 лица), поврзани соби 20 (две стандардни соби одвоени со врата, макс.4+2 лица), 1 Кинг суит (100м², две спални, две купатила и една дневна) и три соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када и туш, фен, централна клима, телефон, мини бар (сокови, минерална вода и вода на пристигнување, подоцна се дополнува само со вода), сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладне чај и колачи, полноќна ужина, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во поладневните часови и се сервира покрај базен, А’la Carte ресторан со резервација и само еднаш за време на престојот, мини бар во соба. Специјални увозни пијалоци, свежо цедени сокови, специјални коктели, услуга во соба, дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, А’la Carte ресторан со интернационална кујна, лоби бар, бар покрај базен. Доктор, чување деца, сервис за перење и пеглање, телефон, факс, интернет, продавници, фризер, rent a car се наплатуваат.
Плажа
Хотелска приватна плажа на 95м од хотелот, лежалки и чадори за сонце се бесплатни. Има тунел под патот кој води до плажа.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени со дел за деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, одбојка на плажа, пинг понг. Спортови на вода, масажа, Велнес центар, се наплатуваат. Забавни програми преку ден, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Tosmur, Kerimcik Cd. No:11, 07469 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps