Прескокни кон содржината
DIAMOND EXCELLENCE RESORT & SPA
Повлечи за повеќе слики

DIAMOND EXCELLENCE RESORT & SPA

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Чолакли, на 55 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 509 соби во една главна зграда и во 4 блока.
Standard rooms (23-28-32 m², една спална соба со француски кревет и еден поединечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 дете).
Comfort rooms (28 m², со поглед на море, кошница со овошје и вино про доаѓање, 30% попуст на СПА, второ бесплатно користење на À la carte ресторан, местење кревет, еднократно - перење алишта), една спална со француски кревет, едно купатило, макс.2 лица).
Family rooms (32-42 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Junior suits (44 m²; една спална соба со голема дневна, не се одвоени со врата, едно купатило, макс.2+1 дете).
Сите соби се со сопствено купатило со туш, фен за коса, влечки, централен систем за климатизација кој работи според временските услови, телефон, мини бар (со сокови, вода, пиво, крекери и кикирики се полни секој ден), сет за чај и кафе, сеф, ламинат, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет, балкон.

Услуга

Ultimate Сѐ вклучено - 24 часовна услуга за храна и пијалаци - појадок, доцен појадок, ручек и вечера, диететско бифе, специјално бифе за деца и место за подготовка на храна за бебиња, вегетаријанско бифе, ресторани со закуски во текот на денот, сладолед во одредени часови во текот на денот, попладневни колачи, чај и кафе, закуски касно навечер до 07.00 часот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш во престој.
Не се вклучени: увозни премиум алкохолни пијалаци, меѓународни и специјални вина, услуга во соба, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци.  

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани - Turga (турски), La Murano (италијански), Bonsai (Далечен Исток), медитерански со морска храна, El Torito (мексиканска кујна), барови околу хотелскиот комплекс, слаткарница, Сафир Диско клуб.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, факс, компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна во целиот хотел.

Плажа

Приватна плажа со камчиња, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа. Павилјоните се со претходна резервација и доплата.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, тениски терени, одбојка на плажа, фитнес центар, кошарка, пинг-понг, турска бања, сауна, парна соба, снежна соба се бесплатни.
Масажа, СПА центар за здравје и убавина, сите спортови на вода, осветлување на тениски терени, опрема за тенис, куглање, билијард и компјутерски игри се доплаќаат.
Забавни програми со  професионален тим во текот на денот и специјални шоу програми во вечерните часови, кино. Мини клуб за деца од 4 – 12 години, мини диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Mutemet, Yavrudoğan, Peri Sokak No:271, 07550 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps