Прескокни кон содржината
DIAMOND DE LUXE HOTEL & SPA
Повлечи за повеќе слики

DIAMOND DE LUXE HOTEL & SPA

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Гундоду на 12 km од Сиде и 55 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 348 соби.Standard rooms (32 m², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лицe).
Standard swim up rooms (32 m², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице, директен пристап до базен).
Comfort rooms  (32 m², се наоѓаат на повисоките катови со поглед кон море, една спална соба со фрацуски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, дополнителни услуги, попуст во SPA центарот и во À la carte рестораните, еднаш за време на престој бесплатна услуга за перење алишта, корпа со овошје и вино во соба привиот ден при пристигнување).
Family rooms(65 m², две спални соби одвоени со врата, две купатила, макс.4 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, влечки, централен клима уред кој работи според временските услови, мини бар (секој ден се дополнува со вода, безалкохолни пијалаци, пиво, кикирики и крекери), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI FI интернет конекција, ламинатен под, балкон.

Услуга

Ултра Сѐ вклучено – 24 часа услуга на храна и пијалаци - шведска маса за појадок, ран и доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, ноќно бифе, диететско бифе, детско катче во ресторанот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, пијалаци во барот на плажа до 18:00 часот, сладолед во одредени часови во денот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот (освен во Steak ресторанот).
Не е вклучено: други увозни пијалаци кои не се на менито, луксузни вина и премиум пијалоци, сите флаширани пијалаци и пијалаци во лименка, свежо цедени сокови, услуга во соба, Steak House À la Carte ресторан.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турски, италијански, рибен, Steak House ресторан, барови околу целиот хотелски комплекс, диско клуб, бар на плажа.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување кола се доплаќаат.
WI–FI интернет е бесплатен во целиот хотел.

Плажа

Хотелска приватна песочна плажа. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.

Спорт и забава

Отворени и затворени (затворени преку лето) базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни.
Со доплата: сите спортови на вода, билјард, компјутерски игри, SPA & центар за убавина и масажи.
Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4 - 12 години со различни активности и програми. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Gündoğdu, Fettahoğlu Cd. No:1, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps