
DELPHIN BOTANIK HOTEL & RESORT
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Окурчулар, Алара на 32 km од Аланија и 90 km од аеродромот во Анталија. Бесплатен шатл превоз до Аланија, Сиде или Манавгат е достапен со претходна резервација на рецепција.
Сместување
Вкупно 448 соби во згради лоцирани во прекрасна ботаничка градина.
Standard rooms (27 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет + софа, едно купатило, макс.3+1 дете).
Family rooms (54 m², две посебни спални соби, едната соба со француски кревет, другата соба со 2 единечни кревети + софа во двете соби, едно купатило, макс.4+1 дете)
3 соби за лица со попреченост.
Собите се со балкон или тераса која гледа кон градината, сопствено купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, ламинатен под, мини бар (вода, безалкохолни пијалoци, пиво, крекери, чоколадо се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај на барање, сеф, LCD TV со сателитски и музички канали.
Услуга
Сѐ вклучено - шампањ за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, попладневни закуски, торти, кафе, чај, сладолед, свежо цедени сокови, вечера, полноќно бифе до 04:00 часот.
Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, À la Carte ресторани со претходна резервација (само еден ресторан може да се користи во текот на престојот, повторно користење се наплаќа).
Диететска и детска храна се достапни во главниот ресторан.
Не е вклучено: увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, специјални вина и премиум пијалаци, флаширани пијалаци и повторно користење на À la Carte рестораните.
Содржини
Главен ресторан Park на база шведска маса, À la Carte ресторани – Ottoman (турска кујна – самопослужување), Mr. Fish (морска храна – самопослужување), Dolce Vita (италијанска кујна), China House (кинески), Hiro Suschi Bar and Teppenyaki À la Carte ресторан (јапонска кујна), барови околу хотелскиот комплекс, Диско клуб.
Доктор, фризер, перална, продавници, изнајмување кола, игротека и компјутерски игри се доплаќаат. WI- FI интернет конекција во лобито е бесплатна.
Плажа
Приватна плажа со камчиња. Крпи, лежалки и чадори за сонце на плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Отворени базени, детски базени, тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, џакузи, тениски игралишта, пинг понг, одбојка на плажа се без доплата.
Опрема и часови по тенис, масажи, SPA и центар за убавина, билјард, компјутерски игри, куглање, спортови на вода и часови за нуркање се доплаќаат.
Забавни програми, натпревари, вечерни шоу програми, еднаш неделно турска вечер и еднаш неделно Гала вечера. Мини клуб за деца од 4-12 год., луна парк за деца, мини диско, кино за деца се само дел од богатата програма.
Забелешка: Сите базени, аква паркот, Луна паркот, тениските игралишта се користат заедно со Botanik Platinium Hotel.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Okurcalar, Alparslan Türkeş Bulvarı No:251, 07415 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps