
CRYSTAL WORLD OF COLOURS COMFORT COLLECTION
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Богазкент на 40 км од аеродромот и 50 км од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупно 145 соби во една главна зграда и 15 објекти.
Стандардни соби (25 м², една спална соба со француски кревет и еден единечен кревет, едно купатило, макс. 3 лица).
Фамилијарни соби (35 м², две посебни спални соби – во едната има француски кревет, а во другата два единечни кревета, едно купатило, макс. 4 лица).
Фамилијарни соби за 5 лица (35 м², две спални соби одвоени со врата, во едната има француски кревет + еден единечен кревет, а во другата два единечни кревети, едно купатило, макс. 5 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина и фен, влечки, сплит клима, телефон, мини бар (се полни секојдневно со сокови), сет за чај и кафе, сеф, плочки на подот, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, балкон.
Услуга
Ultimate Сѐ Вклучено – 24 часовна услуга, на пристигнување освежителен традиционален турски пијалок шербет и освежителни марамчиња, појадок, доцен појадок, ручек, вечера, диететско бифе, детокс бар, вегетаријанско бифе, безглутенски леб и ужинки, детско бифе, закуски во текот на денот, попладне колачи, чај и кафе, локални и стандардни увозно алкохолни и безалкохолни пијалоци, бар на плажа помеѓу 10:00-18:00 часот, A La Carte рестораните се со претходна резервација и еднаш за време на престојот.
Не е вклучено: премиум алкохолни пијалоци, странски и специјални вина, пијалоци во шише и лименка, сите вина, шампањ и сецијални нарачки во À la carte рестораните (освен наливно / трпезно вино), свежо цедени сокови и сокови од зеленчук, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан и À la carte ресторани - Color Beach Meat со турска кујна и Color Beach Fish рибен ресторан.
Не е вклучено: Доктор, перење алишта и хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, факс, интернет корнер, изнајмување кола.
Wi-Fi интернет е бесплатен во целиот хотел.
Плажа
Приватна плажа со песок на 450м од хотелот, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плжа.
Павилјоните на плажа се со претходна резервација и со доплата.
Има бесплатен шатл превоз до плажа.
Спорт и забава
Отворени базени за возраси и деца, аква парк Pirates of Colors, фитнес, турска бања, сауна, гимнастика, одбојка на плажа.
Со доплата се: спортови на вода, масажи и третмани за кожа.
Забавни програми со професионален тим во текот на денот и специјални шоу програми навечер.
Crispy Kids World за деца 0-17 год., поделени во групи по возраст, програми во текот на денот, игралиште, мини диско навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Belek, 07506 Serik/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps